21.07.2021

Средба на министерката Шахпаска со претставници на Независниoт синдикат на судска полиција: Секогаш има простор за унапредување на правата на работниците

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска се сретна со претставници на Независен синдикат на судската полиција во Република Северна Македонија, на која се разговараше за унапредување на правата на членовите на судската полиција.

На состанок се разговараше за можноста членовите на судската полиција да се стекнат со правото на бенифициран стаж, со оглед на тоа што во Законот за вработени во јавен сектор нивната служба е дефинирана како – овластени службени лица. 

Министерката Шахпаска оцени дека секогаш има простор за унапредување на правата на работниците и во тој контекст нагласи дека барањето на Независниот синдикат на судската полиција за бенефициран стаж ќе биде разгледано. Доколку има потреба, додаде таа, во наредниот период ќе има дополнителни консултации и со Министерството за правда.

На состанокот се разговараше и за состојбите во судската полиција воопшто и за потребата од зголемување на бројот на вработени, со оглед на тоа што во некои судови недостасуваат судски полицајци.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }