Средба на министерката Шахпаска со директорот на АВРСМ, Демири: Одличната соработка меѓу двете институции продолжува, испорачувањето на резултати кон граѓаните на кои им е потребна поддршка е заеднички клучен приоритет

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Абдуш Демири и неговите соработници.

Агенцијата за вработување е клучна институција за спроведување на проектите и програмите финансирани од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на ЕУ, чие портфолио во периодот 2014-2020 достигнува 23 мил. евра.

На состанокот се потврди важноста од забрзување на спроведувањето на активните мерки за самовработување и формализација на бизниси, како и грантовите за креирање нови работни места во висина од 10 мил. евра обезбедени во рамки на буџетска програма „ЕУ за социјална и економска отпорност во Република Северна Македонија“.

Соговорниците се согласија да се продолжи со доследно спроведување на обврските од Програмата „ЕУ за младите“, која се однесува на имплементацијата на Гаранцијата за млади и предвидува поддршка на повеќе од 9000 млади лица во Североисточниот, Југозападниот и Полошкиот регион.

Се договорија и конкретни чекори за забрзување на имплементацијата на проектот „Активација на ранливите групи на пазарот на труд“, кој е во функција на спроведување на социјалната реформа и интеграција на корисниците на гарантирана минимална помош на пазарот на труд.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->