Средба на министерката Шахпаска со амбасадорката на Обединетото Кралство во нашата земја Н.Е. Рејчел Галовеј

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска оствари средба со амбасадорката на Обединетото Кралство во нашата земја Н.Е. Рејчел Галовеј, на која што се разговараше за изминатите и тековни активности на Министерството и соработката и поддршката од страна на Британската амбасада во нашата држава.

На средбата министерката истакна дека во изминатите пет месеци, откако е на власт оваа Влада, Министерството за труд и социјална политика, успеа да донесе два клучни Закони во делот на трудот и социјалната политика. Во октомври беше изгласан Законот за спречување и заштита од дискриминација, а во јануари Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство.

Британската амбасадорка Галовеј уште еднаш ја потврди поддршката на Британската амбасада во политиките на Министерството за труд и социјална политика и изрази подготвеност да помогне во делот на имплементацијата на новото законско решение кое се однесува за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство,  особено во делот на воспоставување на дата-база на податоци за родово базирано насилство.

Двете соговорнички изразија задоволство за досегашната соработка и подготвеност за реализирање на политиките кои се во нивна надлежност.

 

 

 

 
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->