05.04.2021

Шахпаска во Студио 10: Протоколите во градинките строго се почитуваат, најголемиот пик беше во ноември, сега состојбата е стабилна

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешното гостување во Студио 10, на ТВ 24 зборуваше за состојбата со КОВИД 19 во детските градинки, вакцинацијата на вработениете во нив, за новото законско решение, недела-неработен ден и петтиот пакет економски мерки кој доци поради блокадата во Собранието.

„Во моментов имаме 59 нови позитивни  вработени и 11 деца. Таа динамика е константна. Втората седмица во ноември беше пикот во градинките. Родителите веруваат во функционирањето на поставените протоколи во градинките и нема ширење на заразата во нив“, посочи Шахпаска.

Таа потенцираше дека МТСП цело време работи на тоа да се зголеми опфатот на деца.

„Со цел поуспешно да се изменаџира состојбата со КОВИД 19 и излезе во пресрет на родителите и децата, побрзо се реализираа и вработувањата во детските градинки, потврда за тоа се 400 нови вработувања изминатиот период. Истовремено, општините и самите градинки работат  на изнаоѓање на решенија  преку адаптација на просторни капацитети  до отворање на нови групи со цел поголем опфат на деца.

Таа истакна и дека изминатите седум месеци беа отворени  11 градинки со опфат на 670 деца, а при тоа беа застапени и општините кои за прв пат добиваат градинка и можност нивните деца да добијат предучилишно воспитание и образование.

 

„До крајот на годината планирани се уште 13 нови детски граинки со опфат на нови 1400 деца, што значи дека во континуитет работиме на зголемување на опфатот на деца во нив“, посочи Шахпаска.

За законското решение недела - ден на неделен одмор, таа рече дека се однесува на сите работници освен за оние дејности каде што просецот не смее да се прекине.

„Оние кои ќе работат во недела,  ќе добијат најмалку 50 проценти повисока дневница, а овој процент може да биде повисок доколку тоа е уредено со Колективен договор.  Исто така, овие работници имаат право на слободен ден за неделен одмор, друг ден во неделата,“ рече Шахпаска.

Како дел од петиот пакет економска помош наменета за ранливите категории на граѓани министерката Шахпаска го наведе бришењето на  камати кон јавни институции и претпријатија.

„Преку мерката, со законски измени , јавните комунални претпријатија, јавните претпријатија и Управата за јавни приходи, општините и  сите други институции од јавните дејности ќе треба да им ги простат и избришат долговите на граѓаните по основ на камати во висина од 100%. Тоа се однесува за сите физички лица во нашата земја“, рече Шахпаска.

Покрај директната помош кон граѓаните, преку мерките директно се влијае на зачувување на работните места, што претставува приоритет на министерството и на владата во оваа криза.

„Очекувам дека разумот ќе проработи и дека на пратениците ќе им проработи свеста, затоа што сепак ние сме во служба на граѓаните и ние мора да одговориме на нивните потреби и барања“, истакна министерката коментирајќи за блокадата во Собранието а со тоа и доцнењето на економската помош предвидна со петиот пакет економски мерки.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }