Шахпаска: Општина Новаци ја доби својата прва градинка со капацитет за 50 деца, грижата за најмладите е наш приоритет

 

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска присуствуваше на отворање на новата детска градинка „Бамби“ во Општина Новаци.

 

„Отворањето на детски градинки во секое катче на државата останува приоритет  и исполнување на изборното ветување на оваа Влада  вградено во владината програма. За нас секое дете е важно, независно од тоа дали живее во големите градови или руралните средини, истакна министерката Шахпаска, која воедно изрази големо задоволство што градинката „Бамби“ е првата градинка која се отвора оваа година и прва градинка која ја добива Општина Новаци.

Таа посочи дека вложувањето во раниот детски развој, претставува врвен приоритет на Министерството за труд и социјална политика затоа што градењето на една млада личност која треба да влезе во системот на образование е многу значајно за нејзиниот понатамошен развој.

 „Државата и општината финансиски го поддржаа организирањето и  функционирањето на оваа јавна установа за која беше потребна финансиска конструкција од 9.500.000 денари. Од нив од буџетот на Општина Новаци  и Министерството за труд и социјална политика се издвоени 7.000.000 денари, додека пак 2.500.000 денари, средства обезбедени преку проектот- „Одржливо менаџирање на агро отпадот за загревање на рурални средини-Агрочејн, со што обезбедивме ефикасен и еколошки систем на загревање на градинката, истакна градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски.

 

 

Министерката потенцираше дека Владата на РСМ останува на планираната проекција до крајот на мандатот , до 2024 година, 60% од децата во државата бидат вклучени во процесот на воспитание и образование во предучилишните установи.

 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->