30.06.2022

ПроКредит Банка направи донација од музички инструменти во Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Топанско поле

Во ЈУ Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Топанско поле беше направена донација од ПроКредит Банка – Скопје. На денешната средба на Директорката на Заводот Асие Пашоли и претставниците на банката беше потпишана донација на музички инструменти: пијано, 2 виолончела, мандола, гитара и друго. Инструментите се наменети за креативната терапија на лицата со попреченост за стекнување на нови вештини и надминување на предизвиците во делот на комуникација и ресоцијализација.

Претставниците на ПроКредит банка изјавија дека со ваквиот чин ја поддржуваат идејата за едно општество за сите и дека ќе продолжат да ја насочуваат енергијата за чекор напред кон исполнување на таа цел. „Музиката има позитивно влијание и придонесува кон развојот на децата, овозможува полесна комуникација и значително го подобрува нивното расположение.

Ми претставува задоволство што на корисниците тука ќе им се даде прилика за различност во нивните активности кое исто така ќе ја подобрува и нивната социо-емоционална состојба“ рече директорката. Пашоли истакна дека процесот на деинституционализација продолжува и се заблагодари на сите чинители од приватниот сектор кои што со вакви активности придонесуваат кон унапредување на животот на лицата со попреченост.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }