23.09.2021

 

Повик за јавна дискусија и консултации за

Нацрт Стратегијата и Акцискиот план за БЗР

                                                                                                                                                  

Почитувани,

Министерството за труд и социјална политика ги поканува сите засегнати и заинтересирани страни да ги разгледаат подготвените нацрт-текстови на новата Стратегија за безбедност и здравје при работа 2021-2025 и Акцискиот план за БЗР за периодот 2021-2023 година.

Со Стратегијата и Акцискиот план и во наредниот период се обезбедува континуитет во стратешкиот пристап кон заедничките заложби и активности за унапредување на состојбите во Република Северна Македонија во оваа особено значајна област. 

Согласно новата Стратегија, насоките за подобрување и унапредување на системите за БЗР во периодот до 2025 година, ќе се фокусираат на три основни стратешки приоритети:

1. Јакнење и унапредување на законска рамка во БЗР;

2. Јакнење и унапредување на организациските капацитети и човечки ресурси, и

3.Јакнење и унапредување на способноста за одговор на системите на БЗР на постоечки и новонастанати ризици.

За квалитетни, релевантни, применливи и остварливи документи особено е важно учеството и придонесот на сите засегнати страни кои се вклучени на различни начини во креирањето, имплементацијата и/или следењето на политиките поврзани со безбедноста и здравјето на работниците на работните места.

Ве покануваме, до 11 октомври 2021 год. во писмена форма да ги доставите Вашите забелешки, коментари и пред сè, предлози за подобрување на содржината на нацрт-Стратегијата и Акцискиот план за БЗР, на e-mail адреса:   ddocinski@mtsp.gov.mk  


Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }