10.11.2025

Одржан третиот состанок на претставниците на Национални координативни тела за имплементација на Истанбулската Конвенција во Малта

Претставници од Министерството за социјална политика, демографија и млади учествуваа на третиот состанок на претставниците на Национални координативни тела за имплементација на Истанбулската Конвенција во Калкара, Малта.

Целта на состанокот е  претставување на системот за справување со родово базираното насилство врз жените и семејното насилство, предизвиците со кои се соочуваат земјите при имплементација на Конвенцијата и  добрите пракси  на земјите членки на Европската Унија и земјите кандидатки.

Во своето обраќање пред присутните, раководителката на Секторот за еднакви можности Светлана Цветковска, го потенцираше напредокот на нашата држава  во спречувањето и борбата против насилство врз жените и семејното насилство и добрите пракси кои што ги имаме спроведено како држава.

На панелот беа истакнати и добрите пракси во реализирањето на обуки за професионалци и тоа: почетни  обука за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство за социјални работници, полициски службеници, здравствени работници, судии и јавни обвинители, обуките на мулти секторските тимови за постапување во случаи на родово базирано насилство. Воедно беа презентирани и  активностите за подигнување на јавната свест за препознавање и пријавување на насилството врз жените и семејното насилство, како и кампањата „Има помош за живот без насилство“.

Приоритет за Владата на Република Северна Македонија и Министерството за  социјална политика, демографија и млади  е брза и  ефикасна постапка за заштита на жртвите и обезбедување на  превенција во насока на намалување на насилството. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }