6.4.2021

 Објавен повик за доделување договор(и) за градба ”Изградба на детски градинки во општините Тетово и Теарце”

Министерството за финансии, Секторот за централно финансирање и склучување договори (ЦФСД), објави повик за доделување договор(и) за градба во рамки на ИПА проектот “Изградба на детски градинки во општините Тетово и Теарце”, со финансиска помош од ИПА II 2017 Акциската програма на ЕУ за поддршка во образованието, вработувањето и социјалната политика.

Новите детски градинки ќе овозможат околу 450 деца на возраст од 0-6 години да пристапат во предучилишно образование и грижа во двете општини во согласност со пристапот за вклучување во образованието.

Договорот е поделен во два (2) лота: Лот 1 – Изградба на детска градинка во општина Тетово и Лот 2 – Изградба на детска градинка во општина Теарце. 

Градежните работи на објектите на детските градинки ќе вклучат:

  • Лот 1-Изградба на еднокатна детска градинка со нето градежна површина од 1644m2, на вкупна површина на парцела од 6852,00m2, катастарска парцела бр.5231/1, лоцирана во Општински катастар-Тетово 2 (општина Тетово), со капацитет за околу 250 деца на возраст од 0-6 години. 
  • Лот 2-Изградба на двокатна детска градинка, со нето градежна површина од 1400m2, на вкупна површина на парцела од 6935,00m2, катастарска парцела бр.469/1, лоцирана во Општински катастар--Пршовце (општина Теарце), со капацитет за околу 200 деца на возраст од 0-6 години. 

Основните проекти за Лот 1 и за Лот 2 предвидуваат градежни, електрични, машински, водоводни и канализациони работи и набавки и испорака на опрема и мебел, кои што сите треба да се извршат во согласност со правилата на PRAG за набавка и спроведување на договори за градба.

Рок за доставување на понуди е 7.6.2021, 12:00, локално време.

Информациите за тендерското досие, начинот на доставување на понуди, одржување на информативни состаноци и посети/увид на локациите, и можни дополнителни информации или појаснувања/ прашања се објавени на следните портали:

 
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }