Дневни центри за деца со посебни потреби


Во Република Македонија, во центрите за социјална работа се регистрирани 2678  деца со умерени и тешки пречки во менталниот развој, коишто живеат со своите биолошки родители или се сместени во згрижувачки семејства.

Во последниве години, во Република Македонија тече процесот на деинституционализација, којшто од една страна подразбира излегување на децата од установите за социјална заштита, а од друга страна развој на вонинституционалните форми на заштита, како што е помош на семејствата коишто имаат деца со пречки во развојот истите да останат во локалната заедница каде што живеат. Министерството за труд и социјална политика во своите политики и стратегии го спроведува процесот на трансформација на социјалните услуги преку нивна децентрализација, деинституционализација, приватизација и спроведување на проекти во соработка со граѓанскиот сектор. 

Повеќе

Проект инклузивни детски игралишта

Министерството за труд и социјална политика, како дел од својата одговорност и визија за постигнување на инклузивно општество, започна со спроведување на активности за изградба на 10 инклузивни детски игралишта  на територија на Република Македонија.

Повеќе

Згрижувачки семејства


Сместување во друго семејство е една од формите на вонинституционална заштита на деца и возрасни лица, која се реализира во рамките на системот на социјалната заштита. Оваа форма на заштита ја применуваат центрите за социјална работа низ целата Република.      

Право на сместување во згрижувачко семејство, има лице кое нема услови за живеење во своето семејство или од други причини му е потребно сместување во згрижувачко семејство.

Повеќе