Средба на министерот за труд и социјална политика и директорот на Мировен корпус 

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов оствари средба со директорот на Мировниот корпус во Македонија, Кејтлин Кори при што разговараа за продлабочување на соработката во повеќе полиња. 

 

Покрај останатите теми за разговор беше отворена и темата за потпишување на Меморандум за соработка на Министерство за труд и социјална политика со Мировниот Корпус. 

Инаку, во Македонија Мировниот корпус почна со работа по покана на Владата на Република Македонија во 1996 година кога беше потпишан и формален меѓудржавен договор.  Од тогаш до сега во Македонија служеле околу 495 волонтери. Во моментов има 70 волонтери што работат низ цела Македонија. Волонтерите на Мировниот корпус работат во невладини организации во областа на социјалната инклузија и работа со деца со посебни потреби. Волонтерите заедно со нивните локални соработници организираат обука и активности со деца со посебни потребни, зголемување на свеста за вклученост на лицата со потребни потреби во локалната заедница.