Нов дом за семејството Воиновски

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, заедно со  градоначалникот на општина Зелениково, Веле Груевски и сопственикот на градежната компанија Трансмед го посетија семејството Воиновски од с. Ново Село, чија што куќа настрада од дождот.

Спасов нагласи дека Министерството заедно со Црвениот Крст на семејството ќе му помогне со еднократна парична помош, донации во облека, храна, и мебел од акцијата Топол дом. 

“Исто така, сакам да и се заблагодарам на компанијата Трансмед и на сопственикот Сеад Кочан, којшто на мојот повик излезе во пресрет и ќе помогне со доизградбата на нов објект во којшто очекуваме после месец дена да се пресели ова семејство во еден многу посоодветен објект. Се договоривме со г-ѓа Невена во периодот додека траат градежните активности да се преселат кај нејзината ќерка со цел да не се доведе во некоја полоша ситуација бидејќи навистина условите во коишто  живеат се супстандардни и тука не може да се живее”, рече Спасов. 

Тој потенцираше дека после еден месец Воиновски ќе можат да продолжат да живеат во подобри и поквалитетни услови благодарејќи на сите вклучени, посебно на покажаната општествена одговорност на приватната компанија Трансмед која ќе даде огромна поддршка и помош на ова семејство.