Министерот Спасов во посета на Центарот за социјална работа Велес

Министерт за труд и социјална политика Диме Спасов денеска го посети Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа во Велес.

Спасов нагласи дека Министерство за труд и социјална политика, е посветено на најразлични проекти, во кој е вклучен и Велес, дел преку Агенцијата за вработување, а дел преку Центарот за социјални работи, преку Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.



Тој говореше и за потребата за поголема информираност на граѓаните за правата и можностите што ги имаат и можат да ги остварат за социјална и детска заштита,од областа на вработувањето и пензиското осигурување.

Во врска со еднократниот отпис на долговите на граѓаните од социјалните категории во Велес, тој информира дека 950 граѓани од градот веќе имаат поднесено барање за еднократен отпис на договите.

„Апелирам до граѓаните кои ги исполнуваат условите пред се на примателите на социјална и постојана парична помош и невработените коишто подолго од 12 месеци активно бараат работа, да го поднесат своето барање до 13. октомври кога и завршува финалниот рок за поднесување барање. Целта е да ја остварат својата можност за еднократен отпис на долговите за електрична и топлинска енергија, радио дифузна такса, извршитеслки трошоци, банкарски кредит со цел да ја надминат тешката состојба во која се наоѓаат како последица на тешката светска економска криза“, потенцира Спасов.

Тој воедно информира дека на ниво на Македонија има околу 32 илјади барања коишто се поднесени од страна на граѓаните, а се очекува да продолжи динамиката и сите кои ги исполнуваат условите да ја искористат оваа можност. Спасов вети дека министерството и во иднина ќе продолжи да реализира проекти во Велес.

„На пример Форумот со работодавачи со цел работодавачите да се информираат за активните мерки за вработување, како и со средби со невработените со цел да им се презентираат мерките коишто можат да ги искористат за побрзо вработување“, рече Спасов.

Најави и продолжување на проектот „На секое дете му е потребно семејство“ со цел да се зголеми бројот на згрижувачки семејства.Министерот Спасов информира дека во план е и отворање Дневен центар за слепи и деца со оштетен вид. Минатата година во Велес, потсети, се отвори Народна кујна.