Prv.mk
Министерството за труд и социјална политика во соработка со UNDP и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) подготви мобилна апликација „PRV“ (практиканство, работа и волонтирање), преку која лицата кои што бараат работа ќе можат да ги добиваат информациите за новите работни места,обуките, пракса и новостите.
Во насока на активно ажурирање на податоците од мобилната апликација се воспостави динамична врска помеѓу базата на податоци на Агенцијата за вработрување на Република Македонија (АВРМ) и мобилната апликација.