Во тек обуките за интегрирано управување со случаи

Во тек се обуките за управување со случаи кои се дел од реформата на социјалната заштита, а ги спроведува Министерството за труд и социјална во партнерство со УН агенциите и Агенцијата за вработување. По завршувањето на обуките во Македонија ќе се воспостави систем на социјални услуги во заедницата кои нудат услуги и поддршка по мерка на поединецот.

Ова значи дека едно стручно лице ќе управува со случајот и ќе има обврска да го следи семејството. На овој начин, социјалниот работник многу подобро ќе ги знае состојбите во семејството, ќе го следи нивниот напредок, но и проблемите во секојдневнието. Со тоа, дирекно ќе се влијае на превенцијата од многу потенцијални ризици, но и ќе придонесе кон побрзо извлекување на семејствата од ризик со нивна активација на пазарот на труд.

Во наредните месеци сите стручни работници од Центрите за социјална работа и 30 отсто од вработените во Агенцијата за вработување ќе поминат обуки за интегрирано управување со случаи, како дел од подготовките за имплементација на новиот Закон за социјална заштита.