Вклучувањето на граѓанските организации е предуслов за креирање успешни политики

Унапредување на вклученоста на граѓанските организации во секторот образование, вработување и социјална политика беше тема на денешната средба организирана на иницијатива на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и министерот за образование и наука Арбер Адеми со граѓанските организации.

„Силно верувам дека успешни политики се креираат само со учество на сите општествени чинители. Преку секторската работна група заеднички носиме одлуки од областа на образование, вработување и социјална политика. Тука се вклучени релевантните национални институции и организации, донатори, бизнис заедницата, граѓанските организации и социјалните партнери“  рече Царовска.

Во рамки на оваа Секторска работна група се дискутираат, идентификуваат и поставуваат приоритетите во образованието, вработувањето и социјалната политика.  Исто така, се обезбедува секторска и донаторска координација во имплементација на националните политики. 

Вклученоста на граѓанскиот сектор, како и вклученоста на социјалните партери во Секторската работна група особено е значајно во овој период. Започнува фазата на дефинирање на нов циклус политики, а следува и процесот на планирање и програмирање на претпристапната помош за периодот по 2020, односно програмирањето на ИПА 3.„Невладините организации ги гледаме како силни поддржувачи не само во креирањето на политиките, туку и во ниванта имплементација и понатамошниот мониторинг на процесите. Затоа сметаме дека е неопходна вклученоста на граѓанските ораганизации со кои треба да имаме поинтензивна тесна соработка“, рече министерот Адеми.

Европска комисија има дефинирано рамка со пет приоритети што може да се финансираат. Преку работата на Секторската работна група ќе се дефинираат стратешките тематски и идните акцискиски програми.

Përfshirja e organizatave civile është parakusht për krijimin e politikave të suksesshme

Avancimi  i përfshirjes së organizatave civile në sektorin e arsimit, punësimit dhe politikës sociale ishte tema e takimit të sotëm,  i organizuar me iniciativë të ministres së Punës dhe Politikës Sociale Milla Carovska dhe ministrit të Arsimit dhe Shkencës,  Arbër Ademi, me organizatat civile.

“Besoj fort se politikat e suksesshme krijohen vetëm me pjesëmarrjen e të gjitha palëve shoqërore. Nëpërmjet Grupit sektorial të punës së bashku marrim vendime nga sfera arsimit, punësimit dhe politikës sociale. Këtu janë përfshirë institucione dhe organizata relevante nacionale, donatorë, komuniteti i biznesit, organizatat civile dhe partnerët socialë”, theksoi Carovska.

Në kuadër të këtij Grupi sektorial të punës diskutohen, identifikohen dhe vendosen prioritetet në arsim, punësim dhe politikë sociale. Po ashtu, sigurohet koordinim sektorial dhe të donatorëve në implementimin e politikave nacionale.

Përfshirja e sektorit civil, si dhe përfshirja e partnerëve social në Grupin sektorial të punës ka rëndësi të madhe në këtë periudhë. Fillon faza e definimit të ciklit të ri të politikave, ndërsa pason edhe procesi i planifikimit dhe programimit të ndihmës para-aderuese për periudhën pas vitit 2020, respektivisht programimi  IPA3.

“Organizatat joqeveritare i shohim si përkrahës të fortë jo vetëm në krijimin e politikave, por edhe në implementimin e tyre dhe në monitorimin e mëtejshëm të proceseve. Prandaj, konsiderojmë se është e domosdoshme përfshirja e organizatave civile me të cilat duhet të kemi bashkëpunim më të ngushtë”, theksoi ministri Ademi. 

Komisioni Evropian ka definuar kornizë me pesë prioritete që mund të financohen. Nëpërmjet punës së Grupit sektorial të punës do të definohen programet strategjike tematike dhe veprimet e ardhshme.