Со грант од јапонската амбасада ќе се реновира клонот „Цветови“ од Детската градинка „Астибо“ во Штип

Заменик-министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар присуствуваше на церемонијта на потпишување на договори ,,Грант програма на мали проекти за човекова безбедност” во вредност од над 430 илјди евра со што Амбасадата на Јапонија во Скопје ја прославува 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Република Северна Македонија. На церемонијата на потпишување присуствуваа амбасадорката на Јапонија Кеико Ханеда, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за образование и наука Арбер Адеми и министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу. 

Ова е најголемата годишна сума доделена од Грант програмата за мали проекти, а корисници ќе бидат повеќе институции и јавни претпријатија. 

Во рамките на проектот планирано е и реновирање на клонот „Цветови“ од Општинската јавна установа – Детската градинка „Астибо“ во општина Штип. 

Во оваа пригода заблагодарувајќи се на амбасадорката, заменик-министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар рече:,,Голема чест и задоволство ми е што д сум дел  од оваа церемонија и упатувам голема благодарност до Јапонската Влада и  многу ми е драго што дел од неповратните средства од „Грант програмата за мали проекти“ ќе бидат наменети за подобрување на состојбата на градинката во Штип, бидејќи еден од  приоритетите на оваа Влада и на министерствотот за труд и социјална политика е токму проширувањето на капацитетите на детските градинки и поквалитетен ран детски развој. Би сакал посебно да се заблагодарам на амбасадорката Ханеда и целиот нејзин тим за поддршката која ни ја дадоа  и се надевам дека и понатаму ќе имаме плодна соработка”.