Промоција на проектот "Поттикнување на социјалното претприемништво"

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими се обрати на промоцијата на проектот "Поттикнување на социјалното претприемништво".

“Заштитата, помошта и поддршката на ранливите групи не се исцрпува само низ облиците на социјална заштита. Таа подразбира и вклучување на сите засегнати страни  во поглед на унапредување и развој на формите и видовите на заштита. Министерството за труд и социјална политика ја препознава потребата за зајакнување на социјалното претприемништво во нашата држава. За таа цел Министерството активно учествува и ја поддржува имплементацијата на овој проект”, изјави министерот Ибрахими.

Во овој контекст, министерот за труд и социјална политика додаде:. “Ние се стремиме кон развивање на нов пристап за решавање на социјалните проблеми – наместо обезбедување на привремена, краткотрајна поддршка за сиромашните групи сакаме да создадеме правни и финансиски услови за социјална и професионална реинтеграција, обука за работа и создавање на работни места во иднина.  За постигнување на овие цели се пристапи и кон подготовка на нов Закон за социјално претприемништво, процес во кој се и ќе бидат вклучени сите засегнати страни, со што ќе се обезбеди целосно партиципативен и транспарентен процес на донесување на оваа регулатива”.  

Мауро Ди Вероли од Делегацијата на ЕУ во Македонија рече дека социјалното претприемништво игра важна улога во социјалните, економските и еколошките предизвици, а истовремено обезбедува и инклузивен раст за зеднички просперитет и социјална инклузија.

Проектот “Поттикнување на социјално претприемништво се имплементира од страна на ЕПТИСА, во соработка со Министерството за труд и социјална политика, финансиран од ИПА.

Тим лидерот на проектот Барбара Садовска информираше дека целта на проектот е инклузивноста на пазарот на трудот бидејќи, како што рече, е многу важна за да се воспостави рамнотежа меѓу конкуртентноста и инклузивноста.

Проектот “Поттикнување на социјално претприемништво се состои од две компоненти. Првата компонетата се однесува на директна подршка на избраните социјални претпријатија кои треба да бидат пример на човечка солидарност и социјална правда, додека втората е фокусирана на креирање на легислатива и на финансиски инструменти кои ќе им дадат поддршка на организациите, но и да им овозможат одржливост и континуираност. 

На промоцијата беше направен избор на 12-те социјални претпријатија коишто ќе бидат поддржани во рамките на проектот „Зајакнување на социјалното претприемништво“ во Македонија.