Јавен повик

Во насока на подобрување на отвореноста и транспарентноста во работењето и подобрување на достапноста на услугите кон граѓаните на Република Македонија, Министерството за труд и социјална политика отвора можност за пријавување на интерес за соработка со граѓански организации во областите кои се во делокругот на неговото работење.

За таа цел, Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите заинтересирани граѓански организации да ја пополнат апликацијата за пријавување на интерес за соработка во која треба да се наведат основните податоци за истите, како и конкретен предлог за соработка со некој од секторите на Министерството за труд и социјална политика.

Во интерес на навремено и ефикасно организирање на работата, Ве известуваме дека рокот за доставување на пополнетата апликација е 31.07.2017 година

Пополнетата апликација да се достави електронски на следнава мeил адреса: LZafiroska@mtsp.gov.mk.

Министерството за труд и социјална политика и понатаму останува отворено за сите идеи, предлози и соработка со граѓанските организации.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }