Средба Спасов-Велиај

Потпишан Договор меѓу Република Македонија и Република Албанија за социјално осигурување


Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска оствари билатерална средба со министерот за социјална сигурност и млади на Република Албанија, г. Ерион Велиај. 

Во рамките на средбата двајцата министри потпишаа Договор меѓу Република Македонија и Република Албанија за социјално осигурување со којшто ќе се регулираат односите во областа на социјалното осигурување и остварувањето на правата од осигурување за граѓаните на овие две држави и членовите на нивните семејства. Станува збор за современ европски договор, којшто се однесува на лица, а не само на државјани на двете договорни страни и спаѓа во редот на таканаречените “отворени договори”. Договорот содржи одредби за права од пензиското и инвалидското осигурување, здравственото осигурување, осигурување во случај на повреда на работа и професионална  болест. 

“Преку примената на Договорот ќе се овозможува усогласување на националните законодавства, еднаков третман на лицата на кои се применува договорот, здравствена заштита, болест и мајчинство, упатување на лекување, собирање на периодите на осигурување, одредби за давања во натура кои произлегуваат од здравственото осигурување и заштита,  парични давања и др.”, рече на потпишувањето министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. Договорот за социјално осигурување ќе се применува за сите лица коишто во Република Македонија или Република Албанија навршиле периоди на осигурување за остварување на право на самостојна старосна пензија кога лицето ги исполнува условите за право на давање пензија според законодавството на едната држава договорничка.

“Исто така, овој Договор има и супсидијарна примена, бидејќи се уредува и право на сразмерно давање пензија со собирање на периодите на осигурување и периодите на живеење во Република Албанија  во текот на работниот век, кога подносителот на барање не исполнува услови за самостојно давање според прописите на едната договорна страна. Со текстот на Договорот се уредени одредби со кои се обезбедуваат работодавачите и работниците кои подлежат на законодавството на Република Македонија или Република Албанија да не се должни да плаќаат двојно осигурување според законодавството на двете држави по однос на истата работа што ја врши работникот. Исто така, се уредени правилата на осигурување на определени исклучоци, како што се испраќање на работници за вршење на работи од една во друга држава договорничка, продолжување на деташманот, работа меѓународен транспорт”, информираше Спасов и продолжи: “Со потпишувањето на овој договор ќе овозможиме еднаков и целосен пристап до социјална сигурност во сите области од  секојдневен живот на граѓаните на Република Македонија и Република Албанија”. 

На крајот министерот Спасов истакна дека: “За нас, односите со Република Албанија како блиска и соседна земја се од високо значење.  Цврсто верувам дека со потпишувањето на овој договор уште повеќе се зајакнуваат, при што ни претстојат уште многу заеднички иницијативи во духот на европската соработка. Се надевам дека соработката ќе ја унапредуваме и во сите други области кои што се во наша надлежност, а ќе придонесат за благосостојбата и подобар квалитет на живот на граѓаните на двете земји”. Покрај потпишувањето на Договорот на средбата меѓу двете делегации стана збор и за други прашања поврзани со работата на двете министерства, а во делегацијата беа присутни директорот на Директоратот во Министерството за социјална сигурност и млади на Република Албанија, г. Астрит Кука, генералниот директор на Институтот за социјална заштита, г-ѓа  Вјолца Брахо, како и пратеници во Собранието на Република Албанија. 

*****************************************
Република Македонија досега како самостојна држава има склучено Договори  за социјално осигурување со 21 држави и тоа: Австрија, Швајцарија, Германија, Чешка, Полска, Луксембург, Белгија, Холандија, Романија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Турција, Црна Гора, Австралија, Канада, Република Италија и Унгарија, Словачка Република, а Република Албанија е 22-та држава со која  е склучен договор за социјално осигурување.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }