Појаснување во врска со пишувањата во одредени медиуми поврзани со новата Нацрт- Стратегија за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 година

Во врска со шпекулациите дека Министерството за труд и социјална политика ја промовира идејата за зголемување на капацитетите за прифат на поголем број на мигранти, би сакале уште еднаш да го истакнеме ставот на Министерството во однос на ова прашање:

Република Македонија се декларираше како држава на транзит за мигрантите кои поминуваат низ неа. Државата ја има ратификувано Конвенцијата за правата на бегалци од 1994 година и Протоколот од 1963 година.

По однос на овие ратификувани документи во текот на 2003 година е донесен Законот за азил и привремена заштита со кој се дефинираат правата и обврските на лицата кои побаруваат меѓународна заштита. Во текот на 2007 година беа направени измени на Законот за социјална заштита,  а во текот на 2010 година Законот за здравствено осигурување со кои беа допрецизирани правата на лицата со признат статус на бегалец или лица под супсидијарна заштита.

Министерството за труд и социјална политика во текот на 2008 година иницираше формирање на меѓуресорска група со преставници од Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за локална самоуправа и Црвениот крст, која во текот на 2009 година ја изготвија Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2009-2015 година. Овој стратешки документ имаше седум клучни приоритети и тоа: пристап до права од социјална заштита, пристап до образование, пристап до пазар на труд, домување и локална интеграција. Голем дел од овие приоритети во периодот 2009-2017 година се реализирани.

Во текот на 2015 година Министерството донесе работна верзија на новата Стратегија за интеграција на бегалци и странци, но настаните со мигрантскиот бран беа причина за пролонгирање на периодот на носење на новиот документ.

Новите настани и глобалните политиките кон бегалската популација беа причина за одредени мали дополнувања на првичната работна верзија на  новата Стратегија.

Водејќи се од принципот на транспарентност во своето работење Министерството за труд и социјална политика вчера ја постави на својата бев страна новата Нацрт- Стратегија за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 година,  со цел да се добијат сугестии од заинтересираните организации и граѓани. Овој консултативен процес ќе се заокружи со работна конференција на која ќе се дискутира за позитивните предлози во насока на унапредување на документот.

На крај, го осудуваме тенденциозното ширење страв во јавноста од бегалците, од причина што документите како новата Стратегија за интеграција на бегалци и странци, се само еден патоказ без никакви обврзувачки акти кон кое било министерство или институција.

 

Sqarim lidhur me shkrimet në disa mediume që kanë të bëjnë me Propozim-strategjinë për integrimin e refugjatëve dhe të huajve 2017-2027

Lidhur me spekulimet se Ministria e Punës dhe Politikës Sociale e promovon idenë e rritjes së kapaciteteve për pranimin e një numri më të madh të emigrantëve, duam të shprehim edhe një herë qëndrimin e Ministrisë në këtë drejtim:

Republika e Maqedonisë është deklaruar si shtet transit për emigrantët që kalojnë nëpërmjet saj. Maqedonia e ka ratifikuar Konventën mbi të Drejtat e Refugjatëve 1994 dhe Protokollin e vitit 1963.

Lidhur me këto dokumente të ratifikuara, në vitin 2003 është miratuar Ligji për Azil dhe mbrojtje të përkohshme, në të cilin definohen të drejtat dhe detyrimet e personave që kërkojnë mbrojtje ndërkombëtare. Gjatë vitit 2007 janë kryer ndryshime të Ligjit për mbrojtje sociale, kurse gjatë vitit 2010 janë kryer ndryshime të Ligjit për sigurim social, me anë të të cilit u precizuan të drejtat e personave me status të pranuar të refugjatit apo persona nën mbrojtje plotësuese.

Ministria e Punës dhe Politikës Sociale në vitin 2008 ka iniciuar ngritjen e një grupi ndër-sektorial me përfaqësues nga Ministria e Punëve të Brendshme, Ministria e Shëndetësisë, Ministria e Pushtetit Lokal dhe të Kryqit të Kuq - grup ky i cili në vitin 2009 e përpiluan Strategjinë për integrimin e refugjatëve dhe të huajve 2009-2015. Ky dokument strategjik kishte shtatë prioritete kryesore, edhe atë: qasje në të drejtat e mbrojtjes sociale, qasje në arsimim, qasje në tregun e punës, strehim dhe integrim lokal. Shumë prej këtyre prioriteteve në periudhën 2009-2017 janë realizuar.

Gjatë vitit 2015, Ministria miratoi një version pune të Strategjisë së re për integrimin e refugjatëve dhe të huajve, por ngjarjet me valën e emigrantëve ishin shkak për prolongimin e periudhës për sjelljen e dokumentit të ri.

Zhvillimet e reja politikat globale ndaj popullsisë globale të refugjatëve të reja ishin shkak për disa plotësime të vogla në draftin fillestar të Strategjisë së re.

Duke u udhëhequr nga parimi i transparencës në fushëveprimin e saj, Ministria e Punës dhe Politikës Sociale dje e vendosi në ueb faqen e saj Draft Strategjinë e re për integrimin e refugjatëve dhe të huajve 2017-2027, në mënyrë që të marrin sugjerime nga organizatat e interesuara dhe qytetarët. Ky proces konsultativ do të përfundojë me një konferencë pune në të cilën do të diskutohen propozimet pozitive me qëllim të avancimit të dokumentit.

Së fundi, e dënojmë përhapjen tendencioze të frikës në publik nga refugjatët, për shkak se dokumentet, si Strategjia e re për integrimin e refugjatëve dhe të huajve, janë vetëm një udhëzues pa akte obliguese ndaj cilësdo Ministri apo institucion.