МТСП: Повик до здруженија од областа на социјална заштита да аплицираат за давање услуга-лична асистенција


Министерството за труд и социјална политика известува дека согласно со Програмата за персонална асистенција на лица со попреченост за 2018 година, предвидена е можноста како даватели на услугата за лична асистенција да се јават здруженија кои се запишани во Регистарот на здруженија од областа на социјалната заштита во МТСП.

Во таа насока, Министерството ги повикува овие здруженија од општините каде ќе се започне со имплементација на програмата (Битола, Струга, Куманово, Неготино, Гостивар, Струмица и Градот Скопје) да аплицираат за добивање на согласност за давање на услуга од социјална заштита-лична асистенција.
Здружението на граѓани кое ќе аплицира за давател на услугата за персонална асистенција треба до Министерството  да достави Програма за испорака на услугата усогласена со Стандардите за услугата персонална асистенција донесени од ЈУ Завод за социјални дејности на Република Македонија и докази за исполнетост на стандардот бр.1. Покрај овие документи, здружението треба да достави и кратка биографија на лицето кое ќе биде координатор на сервисот за персонална асистенција и доказ за претходно искуство во испорака на сервиси за поддршка во домашни услови или обезбедување на индивидуализирана поддршка за независно живеење на лицата со попреченост.

Апликациите треба да се достават до Министерството за труд и социјална политика–Сектор за социјална заштита, адреса ул. “Даме Груев“ бр.14, 1000 Скопје, во рок од 10 работни дена од денот на објавување на огласот. 

Владата ја усвои Програмата за персонална асистенција на 13 март 2018 година, со што за прв пат државата обезбедува ваков вид поддршка за независно и самостојно живеење на лицата со потешка и најтешка телесна попреченост и лица со целосно оштетен вид,  и за нивно активно и рамноправно учество во општеството. Министерството за труд и социјална политика ќе го следи извршувањето на програмата во 2018 година заради обезбедување на квалитет на испорачаната услуга, како и планирање на проширување на опфатот и достапноста на услугата во наредниот период.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }