МТСП посветено работи на развивање и подобрување на националните политики за превенција од трговијата со луѓе

Стратешка определба на Владата на РСМ и на Министерството за труд и социјална политика е борбата против социјалната исклученост и дискриминацијата, промовирање на социјална правда и социјална заштита и унапредување на рамноправноста меѓу жените и мажите, момчињата и девојчињата. Ова го потенцираше државната секретарка на Министерството за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, која се обрати на промоцијата на Кампањата за подигање на свеста на ранливите заедници за опасностите поврзани со трговијата со луѓе, со посебен фокус на трговијата со луѓе за сексуална и трудова експлоатација и за детски бракови како ризик за појава на трговија со деца,  а со цел одбележување на Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе. На настанот се обратија и државната секретарка во Министерството за внатрешни работи и Национален Координатор на Националната Комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, Магдалена Несторовска, како и раководителката на канцеларијата на Меѓународната организација за миграции - ИОМ Скопје, Соња Божиновска Петрушевска.

Tрговијата со луѓе е сериозен облик на кршење на човековите права и слободи и таа најмногу ги погодува најранливите категории на граѓани, а тоа се жените и децата. „МТСП посветено работи на развивање и подобрување на националните политики за превенција од трговијата со луѓе, подигање на јавната свест, како и на помош, поддршка и заштита на жртвите со целосно почитувањето на човековите права.  Преку Секторот за еднакви можности, МТСП има улога на координатор на Националниот механизам за упатување на жртви на трговија со луѓе (НМУ) кој претставува рамка за соработка и координиран приод помеѓу социјалните служби, полицијата, трудовите инспектори и невладиниот сектор”, изјави државната секретарка Тренчевска.

Во насока на подобрување на процесот на идентификација и заштита, во текот на изминатиот период со поддршка на ИОМ воспоставивме 5 мобилни тима во Скопје, Битола, Куманово, Гевгелија и Тетово за идентификација на ранливи категории граѓани вклучително и жртви на трговија со луѓе. Во составот на мобилните тимови се вклучени претставници на Центрите за социјална работа, претставници на Министерството за внатрешни работи-националната единица за борба против трговија со луѓе и здруженија на граѓани, а нивното функционирање во изминатите 18 месеци е поддржано од ИОМ. 

Овие тимови во текот на нивната работа постигнаа извонредни резултати, а во 2019 година идентификуваа 3 жртви на трговија со луѓе, 63 потенцијални жртви на трговија и голем број ранливи лица кои се упатени на соодветна помош и поддршка до други релевантни институции. Од нив најголем процент се деца. 

„Работата на превенција и заштитата од трговија со луѓе за нас претставува приоритет. Навременото откривање на можноста некое лице, особено дете да биде вовлечено во трговија со луѓе е основа за правовремена интервенција со цел да се спречи експлоатацијата и да се обезбеди навремена поддршка”, подлече државната секретарка Јована Тренчевска.Дополнително, во текот на оваа година Министертвото за труд и социјална политика ја зголеми финансиската поддршка за Центарот за лица жртви на трговија со луѓе и жртви на сексуална експлоатација, а посветивме внимание и на градење на капацитетите на социјалните работници и на трудовите инспектори коишто беа вклучени во голем број обуки. 

MPPS punon me përkushtim në zhvillimin dhe përmirësimin e politikave nacionale për parandalimin e trafikimit të qenieve njerëzore

Angazhimi strategjik i Qeverisë së RMV dhe Ministrisë së Punës dhe Politikës Sociale është lufta kundër përjashtimin social dhe diskriminimit, promovimi i drejtësisë sociale dhe mbrojtjes sociale dhe avancimi i barazisë midis grave dhe burrave, djemve dhe vajzave. Këtë e theksoi sekretarja shtetërore e Ministrisë së Punës dhe Politikës Sociale, Jovana Trençevska, e cila mbajti fjalim në promovimin e fushatës për ndërgjegjësimin e komuniteteve të ndjeshme për rreziqet që ndërlidhen me trafikimin e njerëzve, me fokus specifik në trafikimit të qenieve njerëzore për eksploatim seksual dhe martesat e fëmijëve si rrezik paraqitjes së trafikimit të fëmijëve, dhe që ka për qëllim shënimin e Ditës evropiane kundër trafikimit me qenie njerëzore. Në këtë ngjarje fjalim kishte edhe sekretarja shtetërore në Ministrinë e Punëve të Brendshme dhe koordinatore nacionale të Komisionit nacional për luftën kundër trafikimit të qenieve njerëzore dhe migracionit të paligjshëm Magdalena Nestorovska, si dhe drejtuesja e Zyrës së IOM në Shkup, Sonja Bozinovska Petrushevska.

Tregtia me qenie njerëzore është forma më serioze e shkeljes së të drejtave dhe lirive të njeriut dhe kjo më së shumti i godet kategoritë më të ndjeshme të qytetarëve, e ato janë gratë dhe fëmijët. “MPPS-ja punon me përkushtim në zhvillimin dhe përmirësimin e politikave nacionale për parandalimin e tregtisë me qenie njerëzore, ngritjen e vetëdijes, si dhe për ndihmë, mbështetje dhe mbrojtje të viktimave me respektimin e plotë të të drejtave të njeriut. Përmes sektorit për mundësi të barabarta MPPS-ja ka rolin e koordinatorit të Mekanizmit Nacional për udhëzimin e viktimave të tregtisë me njerëz, që është kornizë për bashkëpunim dhe qasje të koordinuar ndërmjet shërbimeve sociale, policisë, inspektorëve të punës dhe sektorit joqeveritar”, deklaroi sekretarja Trençevska.

Në drejtim të përmirësimit të procesit të identifikimit dhe mbrojtjes, gjatë periudhës së kaluar, me mbështetjen e IOM vendosëm 5 ekipe mobile në Shkup, Manastir, Kumanovë, Gjevgjeli dhe Tetovë për identifikimin e kategorive të ndjeshme të qytetarëve, duke përfshirë edhe viktimat e tregtisë me qenie njerëzore. Në përbërjen e ekipeve mobile janë përfshirë përfaqësues të Qendrave për Punë Sociale, përfaqësues të Ministrisë së Punëve të Brendshme – Njësia nacionale për luftën kundër tregtisë me qenie njerëore dhe shoqata të qytetarëve, ndërsa funksionimi I tyre në 18 muajt e kaluar është mbështetur nga IOM.