МТСП:“Отворени канцеларии” по повод Меѓународниот ден на Ромите

По повод 8 април, Меѓународниот ден на Ромите, Министерството за труд и социјална политика утре (7 април 2017 година, петок), од 11 до 13 часот организира “Отворени канцеларии” за граѓаните коишто живеат во ромските населби.  

Имено, тимови од Центрите за социјална работа и од Ромските информативни центри утре ќе излезат на терен во населбите каде што живее Ромско население и во населбите каде што живеат поголем процент на Роми со цел да даваат услуги на терен. На овој начин ќе се олесни и ќе се унапреди пристапот на Ромското население до социјалните услуги на локално ниво.

Министерството за труд и социјална политика со оваа пракса планира да продолжи и во иднина.