МТСП: Обезбедуваме социјална сигурност за околу 6.000 повозрасни лица 

Со Законот за социјална сигурност на стари лица којшто е дел социјалната реформа и веќе стапи на сила, социјално ги обезбедуваме лицата над 65 години коишто немаат други извори на егзистенција. Месечниот надоместок за овие лица изнесува околу 6.000 денари, а се очекува правото да го искористат околу 6.000 граѓани и граѓанки. 

Право на надоместокот за социјална сигурност имаат сите лица коишто се државјани на Република Северна Македонија најмалку 15 години, и не примаат старосна пензија, вклучувајќи ги и лицата без ден работен стаж.

За домаќинствата каде што и мажот и жената ги исполнуваат условите за користење на социјална сигурност, надоместокот ќе го користи само еден член бидејќи станува збор за право од социјалната заштита и не е поврзано со пензиското и инвалидското осигурување.

Од денеска стартуваше и поднесувањето на барањата за сите нови права коишто се воведуваат со социјалната реформа, како што е и правото за надоместокот за социјална пензија.Со воведувањето на социјалната сигурност за стари лица како Влада уште еднаш потврдуваме дека подеднакво се грижиме за сите граѓани. Секој од нас заслужува достоинствен живот во општетсвото, бидејќи сите заеднички сме придонесле во неговото градење.