МТСП: грижата за нашите корисници на прво место 

По објавувањето на неколку стории на одредени медиуми Министерството за труд и социјлакна политика во духот на грижа за секој поединец и корисник се погрижи и за лицата кои со своите проблеми се обратија до медиумите.

По објавената сторија за случајот на Џејлане Мурати, Министерството за труд и социјална политика веднаш даде налог на увид да излезе тим од  меснонадлежниот центар за социјална работа за да се утврди фактичката состојба.

По добиениот извештај од  центарот, Министерството за труд и социјална политика  формираше Комисија за доделување на еднократна парична помош за извршување на увид во домот на семејствата за утврдување на бројната, материјалната и фактичката состојба. При тоа беше констатирано дека станува збор за самохрана мајка на 4 деца кои живеат во субстандардни услови. Воедно, утврдено е дека корисник на родителски додаток за 3-то дете. 

Од страна на комисијата е констатирано дека семејствата се  наоѓаат во социјален ризик како резултат на тешката материјална состојба во која се наоѓаат, од таа причина паричните средства им се потребни за обезбедување на основните егзистенционални потреби и ќе се додели еднократна парична помош во износ од 30.000 денари. 

Во однос на овој случајот на Оливер Симонов, Министерството за труд и социјална политика констатираше дека станува збор за корисник на право од социјална заштита (ППП). И ова семејството се наоѓа во социјален ризик и ќе им се помогне со еднократна парична помош во износ од 30.000 денари.

Во врска со случај на Милка Хаџијефтимова информираме дека на ова лицето досега неколку пати му е помогнато со еднократна парична помош. Воедно, се прават напори за адекватно сместување во соодветна установа.

MPPS: kujdesi për shfrytëzuesit tanë në rend të parë


Pas publikimit të disa ngjarjeve në disa mediume, Ministria e Punës dhe Politikës Sociale, në frymën e kujdesit për çdo individ dhe përfitues, u kujdes edhe për njerëzit që për problemet e u tyre drejtuan mediumeve. 

Pas publikimit të historisë së Xhejlane Muratit, Ministria e Punës dhe Politikës Sociale menjëherë urdhëroi ekipin e Qendrës për punë sociale të vendit të dalë në terren dhe ta konstatojë gjendjen faktike. 

Pas marrjes së raportit, Ministria e Punës dhe Politikës Sociale themeloi Komisionin për ndarjen e ndihmës së njëhershme në të holla. Gjatë kësaj u konstatua se bëhet fjalë për kryefamiljare me 4 fëmijë që jetojnë në kushte substandarde. Njëherësh, u konstatua që kjo familje është përfituese e shtesës për fëmijën e tretë.Komisioni ka konstatuar se familja gjendet në rrezik social si rezultat i gjendjes së rëndë materiale ndaj mjetet financiare u nevojiten për sigurimin e nevojave themelore ekzistenciale dhe do t’i ndahet ndihmë të njëhershme në të holla, në shumë prej 30.000 denarëve.Lidhur me rastin e Oliver Simonov, Ministria e Punës dhe Politikës Sociale ka konstatuar se bëhet fjalë për përfituese të së drejtës së mbrojtjes sociale. Edhe kjo familje gjendet në rrezik social dhe do t’i ndahet ndihmë të njëhershme në të holla, në shumë prej 30.000 denarëve.

Lidhur me rastin e Millka Haxhijetftimova, ju informojmë që zonjës në fjalë disa herë i është ndihmuar me ndihmë të njëhershme në të holla. Po ashtu, po bëhen përpjekje për vendosje në ndonjë ent adekuat.