Камен темелник на детска градинка во Јегуновце                 

Mинистерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и градоначалникот на Општина Јегуновце, Тони Коцески,поставија камен-темелник на нова детска градинка во Општина Јегуновце, Тетово. Спасов нагласи дека ова е едно  ветување кое што денес станува реалност, односно проект на Владата на Република Македонија во соработка со Општината Јегуновце кои заедно инвестираат во нов современ објект за детска градиника.

“Со оглед на фактот дека објектот кој што функционира како детска градинка во овој момент е во една лоша сосотојба, и потребно беше да се обезбедат средства и да се започне со изградба на новобјект а не со реконструкција на постоечкиот бидејќи се работи за навистина стар и дотраен објект кој понатаму нема да биде во функција. Токму поради тоа инвестиравме во изградба на детска градинка во Општина Јегуновце  и вкупниот проект ќе низнесува над 5.000.000 денари. Очекуваме во текот на оваа година да заврши и изградбата на објектот и потоа да започне и опремувањето и со тоа да биде ставен во функција”, рече Спасов.

Тој потенцираше дека министерството и понатаму ќе продолжи со инвестиции и оваа година во изградба и отворање на детски градинки во соработка со општините во Република Македонија. За таа цел се има план и веќе се започнати инвестиции во над 10 објекти што ќе бидат наменети за детски градинки во повеќе општини во Република Македонија согласно со Програмата на Владата на Република Македонија и во таа насока ќе се продолжи.

“Со Општина Јегуновце имаме интензивна соработка.Пред извесно време беше отворено дисперзирано  одделение за социјални работи и дисперзирано одделение на Агенцијата за вработување, ова е практично трет и најбитен заеднички проект пред се за жителите и родителите на децата од предучилишна возраст. Практично со ставањето во употреба на оваа нова градинка значително ќе бидат подобрени условите за згрижување и воспитување на децата од  предучилишна возраст”, заврши Спасов.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }