Јавна дебата
за нацрт-Стратегијата за деинституционализација 2018-2027
Министерството за труд и социјална политика Ве поканува да земете учество во финализирањето на нацрт-Националната стратегија за деинституционализација 2018-2027.
Првата јавна дебата по однос на овој стратегиски реформски документ ќе се одржи во четврток, 17 мај 2018 година, на Филозофскиот факултет во Скопје, со почеток во 10 часот.
За да овозможи учество на сите заинтересирани, министерството ќе организира уште неколку дебатни настани во неколку општини во земјата. Точните локации и време ќе бидат дополнително објавени.
Вашите коментари, забелешки и предлози можете да ги доставите и по електронски пат на следнава e-mail адреса: strategija.di@mtsp.gov.mk. Рокот за поднесување коментари е 8 јуни 2018 година.
Го очекуваме Вашиот придонес во заедничкиот напор да го подобриме системот за социјална заштита.