Извршена исплата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика ги известува корисниците на права и услуги дека на 16.11.2017 година изврши исплата на сите права од социјална и детска заштита за месец октомври.

Исто така, извршена е и исплата на придонесите за здравствено осигурување за месец октомври.