Известување заполагање стручен испит за безбедност при работа

Министерството за труд и социјална политика ги информира кандидатите кои треба да полагаат стручен испит за безбедност при работа, дека испитот е закажан на следниве термини:

26.06.2018 година - Испит за проверка на теоретското знаење на кандидатите (теоретски дел), од 9:00 до 11:00 часот и 

12.07.2018 година - Испит за проверка на практичната способност на кандидатите (практичен дел), од 11:00 до 13:00 часот. 

Полагањето ќе се одржи во просториите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – компјутерски центар (приземје), бул. „Гоце Делчев" бр.96, Скопје.

Повеќе информации овде