Известување за користење услуга на бањско климатска рекреација на корисници на пензија за 2017 година

Министерство за труд и социјална политика ги повикува заинтересираните лица корисници на пензија да се јават за користење на услугата бањско климатска рекреација.

Oваа услуга може да ја користат лица - корисници на старосна,  инвалидска и семејна пензија остварена според прописите на Република Македонија и одредбите од договорите за социјално осигурување коишто Република Македонија ги применува, а коишто живеат на територија на Република Македонија и правото на пензија го стекнале заклучно со ноември 2016 година.

Услугата може да се користи еднаш, во период од март до ноември 2017 година, во траење од 7 дена. Услугата на бањско климатска рекреација опфаќа:

  • 6 полни пансиони (ноќевање со три оброка дневно),
  • бањска терапија и еден задолжителен здравствен преглед и
  • трошоци за превоз во висина на повратна автобуска карта.

Лицата корисници на пензија коишто користат и паричен надоместок за помош и нега од друго лице, додаток за мобилност или слепило имаат право на придружник за време на бањско климатската рекреација.

За користење на бањско климатската рекреација потребно е да се поднесе барање до филијалата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, според местото на живеење на корисникот на пензија. Барањето го издава подрачната единица на Фондот. 

При рангирањето на поднесените барања, приоритет ќе биде даден на пензионерите кои пред пензионирањето работеле во рудници со подземен ископ, и на пензионерите кои се корисници на инвалидска пензија со утврден повисок процент на инвалидност.

Барањата ќе можат да се поднесуваатт до 20-ти февруари 2017 година. 

Напомнуваме дека лицата–корисници на пензија коишто во 2014, 2015 и 2016 година добиле право да ја користат услугата бањско климатска рекреација не може да ја користат оваа услуга и во 2017 година.

Повеќе информации тука

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }