Ибрахими ги посети пензионерите во Бања Банско

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими ги посети првата група пензионерите корисници на услугата “Бањско-климатска рекреација на корисници на пензија” во ЈЗО Бања Банско "Цар Самуил" Струмица. 

Во моментов во Бања Банско се пристигнати 168 лица кои користат здравствени и сместувачки услуги со седумдневен престој.

“Во минатите седум години оваа услуга ја искористија 37.193 пензионери. Од разговорите со нив, тие изразија големо задоволство од аранжманите. Годинава аплицираа 20.058 пензионери. Од нив, 5.500 ќе ја искористат можноста за бањски престој, а 2.114 пензионери ќе одат на туристички викенд. Од денеска тргнаа првите викенд корисници”, рече министерот Ибрахими.

Тој информираше дека за користење на услугите од овие два проекти се пријавиле 20.059 корисници на пензија. 

Оваа година за бањско климатска рекреација упатени се 5.518 корисници на пензија за првиот циклус од 31 март заклучно со 11 јуни 2017 година. 

Како и во изминатите години така и во 2017 година услугата од овој проект ќе се реализира и во: Здравствена установа- природно лекувалиште “Негорски бањи“ АД Негорци Гевгелија, Друштво за физикална медицина и специјализирана медицинска рехабилитација “Катлановска бања“Катланово и АД Дебарски бањи Цапа.

За услугата Бесплатен туристички викенд за првиот циклус од 31 март до 30 мај 2017 година  упатени се 2.114 корисници на пензија.

Проектите “Бањско климатската рекреација” и „ Бесплатен туристички викенд“ овозможува подобрување на здравјето на повозрасните лица и нивна рекреација и рехабилитација како и соодветна социјализација, но исто така проектите влијаат и на развојот на бањскиот туризам и хотелскиот туризам во Република Македонија