Царовска: Отворена прва градинка во Куклиш, струмичко, продолжуваме да инвестираме во детската заштита

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски денеска ја отворија ново изградената градинка во село Куклиш. Капацитетот на градинката е за 60 деца и е прва детска градинка во ова населено место.

„Министерството за труд и социјална политика и локалните самоуправи посветено работат на зголемување на капацитетите во детската заштита, а со тоа се инвестира во раниот детски развој и во иднината на нашата држава. За идната година во Буџетот издвоивме 105 милиони денари за реконструкција, опремување и изградба на детски градини, а изминатите две и пол години инвестиравме над 180 милиони денари во вкупно 43 градинки”, рече Царовска.

Министерката Царовска истакна дека освен што се зголемуваат капацитетите се работи на јакнење на кадарот којшто се грижи и ги воспитува децата. Само за една година платите на вработените во градинките се зголемени за 21%.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->