Царовска:Јурумлери доби проширена градинка, посветено работиме на зголемување за 50% на опфатот на деца во предучилишно образование

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски денеска го отворија проширениот дел од градинката „Морковче” во Јурумлери.

„Како Влада посветено работиме на зголемување на опфатот на деца во предучилишно образование за 50%, за што забрано се зголемуваат капацитетите во детската заштита. На овој начин преку инвестициите во градинките инвестираме во раниот детски развој, а со тоа и во иднината на нашата држава. За идната година во Буџетот издвоивме 105 милиони денари за реконстрикција, опремување и изградба на детски градини, а изминатите две и пол години инвестиравме над 180 милиони денари и обезбедени се дополнителни 15 милиони евра од Светска банка за изградба на градинки”, рече Царовска. 

Министерката Царовска истакна дека освен што се зголемуваат капацитетите се работи на подобрување на воспитните програми и на јакнење на кадарот којшто се грижи и ги воспитува децата. Само во последната година платите на вработените во градинките се зголемени за 21% што е најголемо покачување до сега.

Градоначалникот на Гази Баба Георгиевски истакна дека градинката „Морковче” во Јурумлери конечно го доби потребниот капацитет за децата. 

“Доградбата на новата занимална од 74 квадратни метри овозможува сместување на 24 деца, а канцеларискиот простор кој не се користеше, го пренаменивме во јасли, со капацитет за нови 22 деца, а со тоа се доби уште една дополнителна занимална.Оваа градинка сега располага со капацитет за 120 деца кои ќе бидат поделени во групи, соодветни на секоја возраст, можност што досега ја немаа”, рече Георгиевски.

Општина Гази Баба за оваа намена издвои 2,5 милиони денари, а со 500 илјади денари, од Министерството за труд и социјална политика е опремена градинката.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->