Царовска: Дневниот центар ќе го зголеми квалитетот на секојдневието на лицата со попреченост во Македонска Каменица 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска со градоначалничката Соња Стаменкова и претсавници од УНДП денеска го отворија Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост во Македонска Каменица. Центарот е со површина од 200 квадратни метри и има просторија за рехабилитација.„Овој дневен центар многу ќе значи и ќе им го зголеми квалитетот на секојдневието на лицата со попреченост во Македонска Каменица и околните места. Центарот е отворен за целото општество, и во мементот го посетуваат 16 лица кои ќе ја добијат потребната нега, едукација и социјализација. Во центарот со лицата со попреченост ќе работат логопед, социјален работник и две негователки“, изјави министерката Царовска.Градоначалничката Стаменкова истакна дека во дневниот центар покрај лицата со интелектуална попреченост до 18 години ќе бидат опфатени и возрасни лица.

„Во центарот ќе има програмски активности кои ќе се однесуваат на реализација на индивидуална програма за работа за секое лице, а ќе се работи и во група и со родителите на корисниците“, изјави Стаменковска. Заменичката на постојаната преставничка на УНДП во Р.Македонија, Нарине Сахакјан, истакна дека се горди што тесно соработуваат со МТСП и се среќни што Македонска Каменица посебно што децата со попреченост и нивните семејтсва ќе ги почуствуваат бенефитите од овој центар. „Инвестирањето во услугите за грижа не само што им овозможува на нашите сограѓани да ги остварат своите права, туку исто така служи како стимул за создавање нови работни места , особено во секторите богати со работни места за жени. Четирите ангажирани лица во Дневниот центар се преку општо корисна работа и со работата со децата ќе го стекнуваат потребното професионално искуство“, изјави Сахакјан. Во објектот Општина Македонска Каменица инвестираше 12,3 милиони денари, а внатрешното уредување е со средства од Министерството за труд и социјална политика.