Патролна социјална работа
Пред социјалната работа постојано се отвораат нови можности и нови предизвици.Брзиот социјален развој раѓа нови потреби на луѓето, но истовремено придонесува до развој на нови социјални ризици и проблеми. Справувањето со нив мора да се одвива во рамки на новите форми со нови пристапи на работата, нов состав на техниките и методите.
За таа цел во текот на 2012 година воведена е Програмата за патролна социјална работа, во соработка со општините Ѓорче Петров, Гази Баба, Центар и Црвениот Крст на Град Скопје. Со воведување на новиот профил на патролен социјален работник се зголеми степенот на пристап до социјалните услуги, а со тоа се зголеми и социјалната сигурност на граѓаните. Моќта на овој профил е во неговиот непосреден контакт со лицата во ризик, можноста за изнаоѓање на алтернативни техники и форми на решавање на проблемите и почитување на основните принципи во социјалната работа ,,од помош до самопомош,,.
Имплементацијата на Програмата за патролна социјална работа ќе продолжи и во 2014 година со проширување на истата уште во неколку Општини во Република Македонија.