Известување за полагање стручен испит за безбедност при работа

Министерството за труд и социјална политика ги информира кандидатите кои треба да полагаат стручен испит за безбедност при работа, дека испитот е закажан на следниве термини:

  • 10.05.2017 година - Испит за проверка на теоретското знаење на кандидатите – теоретски дел, од 10:00 – 12:00 часот и од 12:00 -14:00 часот
  • 29.05.2017 година - Испитот за проверка на практичната способност на кандидатите –практичен дел, од 08:00 – 13:00 часот. 

Полагањето ќе се одржи во просториите на Испитниот центар, кој се наоѓа на следната локација:ул."Христо Смирненски", бр. 30, ламела 1 (во близина на Универзална сала), Види мапа.

Се информираат кандидатите кои ќе го полагаат стручниот испит дека:

•    За да може да започнат со полагање на стручниот испит задолжително со себе треба да имате лична карта, за увид и утврдување на идентитетот.

•    Вкупното траење на времето определено за одговарање на прашањата од првиот односно од вториот дел од испитот, изнесува 120 минути.

    Се смета дека стручниот испит го положил оној кандидат кој со точни одговори на прашањата од тестот постигнал најмалку 70% од вкупниот број предвидени позитивни поени.

    Начинот на бодирањето е уреден со Правилник за начинот на бодирање на првиот (теоретски дел) и на вториот (практичен пример) на стручниот испит за безбедност при работа („Службен  весник на Република Македонија бр. 164/15).

    Постапката за спроведување на стручен испит се спроведува согласно Законот за безбедност и здравје при работа и Програма за полагање на стручен испит за безбедност при работа (Службен весник на Република Македонија бр.206/15).

•    На кандидадот за време на полагањето на првиот дел од испитот не му се дозволува користење на закони, закони со коментар и објаснување, мобилен телефон, преносни компјутерски уреди и други технички и информатички средства, претходно подготвени предмети и слично.

•    На кандидатот за време на полагање на вториот дел од испитот, му се дозволува користење единствено на закони (без коментари и објаснувања) кои во електронска верзија се наоѓаат на компјутерот на кој кандидатот го полага испитот.

•    На кандидатот за време на полагањето на првиот и вториот дел од испитот не му се дозволува да контактира со други кандидати или лица, освен со информатичарот, доколку има технички проблем со компјутерот.

•    Ако техничките проблеми со компјутерот бидат отстранети за 5 минути, испитот продолжува, а доколку не бидат отстранети во рок, иситот само за тој кандидат се прекинува и ќе се одржи во рок од најмногу три дена од прекинувањето на испитот.

•    Ако има проблеми на повеќе од пет компјутери и ако тие не бидат отстранети во рок од 5 минути, испитот се прекинува за сите кандидати кои го полагаат испитот и ќе се одржи во рок од најмногу три дена од денот на прекинување на испитот.

•    Доколку кандидатот при полагање на првиот и вториот дел од испитот постапува спротивно од горенаведените ставови, нема да му се дозволи натамошно полагање на испитот во тој утврден термин и ќе се смета дека не го положил испитот, а истото ќе се констатира во записник за полагање на испит.

•    Овластените преставници од кои ќе присуствуваат на полагањето на стручниот испит, за време на полагање на испитот не смеат да се задржуваат подолго од пет секунди во непосредна близина на кандидатот кој го полага испитот, освен во случај на отстранување на технички проблем кога не смеат да се задржат подолго од 5 минути.

•    Во случај на спреченост на спроведување на првиот или вториот дел од испитот, поради причини што доведуваат до техничка неможност на функционирање на електронскиот систем, полагањето на испитот се прекинува.

•    Доколку причините се отстранат во рок од 60 минути од прекинувањето на испитот, истиот продолжува веднаш по нивното отстранување.

•    Доколку причините не се отстранат во рок од 60 минути, испитот се презакажува за друг термин.


Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }