Министерство за труд и социјална политика објавува 

Јавен оглас за информатор  во рамките на  проектот "Ромски Информативни Центри“ за Општина Велес  

 

Министерството за труд и социјална политика има потреба од ангажирање на 1 (еден) информатор, на определено време од 01.02.2018 година до 31.12.2018 година, за потребите на проектот “Ромски Информативни центри" во општина Велес.

Проектот го спроведува Министерството за труд и социјална политика во соработка со Единиците на локална самоуправа и ромски НВО.

Позицијата информатори во Ромските Информативни центри ќе биде финансиски поддржана од страна на Министерството за труд и социјална политика.  

Услови:

  • да има завршено минимум средно образование 
  • без работно искуство
  • други способности и вештини

Ова е позиција со цело работно време со фиксен временски договор и платени надоместоци за здравствено осигурување и работен стаж, за период на времетраење на проектот во Министерството за труд и социјална политика до 31.12.2018, со можност за продолжување во зависност од продолжувањето на проектот и останати други услови.  

Лицето ќе биде ангажиран преку Агенција за привремени вработувања и е предвидена месечна бруто плата во износ  од 17.585,00 денари.

Сите заинтересирани кандидати потребно е да ja испратат следната документација:

  1. CV  (работна биографија) на македонски јазик;
  2. Писмо за мотивација на македонски јазик (своерачно потпишано);
  3. Копија од диплома за завршено средно образование  

Документите  за пријавување на јавниот оглас треба да бидат доставени по пошта најдоцна до 22.01.2018 до 16.30 часот  на следната адреса:


Министерство за труд и социјална политика, Проект: „Ромски информативни центри “Ул. „Даме Груев“ бр.141000, Скопје
Со назнака:  Сектор за техничка помош и координација на Министер, Одделение за имплементација на Стратегијата за Ромите

 
На горниот десен агол од пликот  да се напише бројот на огласот за  кој што се аплицира и да стои назнака –„НЕ ОТВОРАЈ„. 

Некомплетните и ненавремено доставените документи Комисијата нема да ги земе во предвид за разгледување.

За дополнителни прашања може да се обратите секој работен ден од 08.30 - 16.30 часот на тел. 3223834. 

Повеќе информации за мисијата, одговорностите и работните задачи на ангажираните лица како информатори во Ромските информативни центри може да добиете тука.  

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }