Средба со претставници на Центарот за Даунов синдром 

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов оствари средба со претставници на здружението на Центарот за Даунов синдром, по повод утрешниот Светски ден на лицата со Даунов синдром.

На средбата присутните го искажаа своето задоволство од досегашните напори на Владата преку министерството за лицата со пречки во развојот, пред се огласот за вработување на 300 лица со инвалидност.

Министерот нагласи дека и во наредниот период ќе продолжат заложбите за олеснување на животот на овие лица, и посочи на тековните проекти наменети за нив.

На средбата беа изнесени предлог иницијативи и проекти, кои во иднина во заедничка координација би можеле да бидат остварени.