Сесии за аплицирање за лиценцирање

Априлска сесија за стекнување на лиценца

Комисијата за лиценцирање на стручните работници вработени во установи за социјална заштита, ги информира стручните работници, кои треба да се стекнат со лиценца дека сесијата за аплицирање за лиценцирање ќе се реализира во период од 12.04.2017 – 21.04.2017 година.

Сите заинтересирани кандидати барањето за аплицирање, заедно со другите потребни документи во овој рок треба да ги достават на адресата на ЈУ Завод за социјални дејности, ул. 11 Октомври 42-а, со назнака за Комисија за лиценцирање, по пошта или лично. 

Потребни документи за аплицирање: 
  • барањето за аплицирање на образец;
  • диплома или уверение за завршено високо образование со стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1степен;
  • доказ за државјанство на Република Македонија;
  • доказ за живеалиште во Република Македонија;
  • доказ дека со правосилна одлука не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  • кратка биографија;
  • потврда за помината едукација, во траење од најмалку 40 часа, спроведена согласно со Програмата за континуирана едукација на стручните работници во установите за социјална заштита на ЈУ Завод за социјални дејности;
  • доказ дека стручниот работник е давател на јавни услуги во установа за социјална заштита (за приватните установи дека е вработен во установа за социјална заштита) и
  • доказ за платен надоместок за трошоците за издавање на лиценца за работа.

Потребните документи се доставуваат во оригинал или копија заверена на нотар.

Лице за контакт: Даниела Станојковска, Катица Кичукова Голубовска 02/3230-401,  075/242-953, Душанка Петрова 075/242-954   02/3230-401, e-mail:juzsd-sk@mtsp.gov.mk.

Напомена: Лицата кои аплицираат за лиценца, да внимаваат за каква лиценца аплицираат и каде ги уплаќаат средствата. Погоре објавените податоци се однесуваат на лицата вработени во установи за социјална заштита. Овие податоци не се однесуваат на лица кои сакаат да извадат лиценца за работа во градинки. 

Стручна литература и прашања за полагање на испит


Преглед на прашања и практични примери за полагање на стручниот испит

Преглед на прашања и практични примери за полагање на стручниот испит

e-prasanja.mk

Закони од областа на социјалната заштита и семејно-правната заштита


СТРИМИНГ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ

КАМЕРА 1

КАМЕРА 2