Инфо средби со млади

Во почетокот на 2014 година со цел за поголема информираност со можностите за вработување и мотивираноста на младите лица за барање на работа и (до)школување се отпочна со реализацијата на Проектот "Инфо средби со млади".

На информативните средби со невработените млади лица во девет поголеми единици на локалната самоуправа и во Градот Скопје се промовираа трите главни теми: Активните програми и мерки за вработување, мобилната апликација и отворањето на инфоклубовите.