Државниот секретар Хусејин на Конференција “Стоп за насилството врз децата”

Државниот секретар на Министерство за труд и социјална политика Енвер Хусејин учествуваше на Конференцијата: “Стоп за насилството врз децата” во организација на Владата на Црна Гора и УНИЦЕФ која се одржа на 27.2.2017 година во Подгорица.

Конференцијата беше организирана во соработка со Делегацијата на Европската Унија и го означи почетокот на втората фаза на кампањата “Стоп на насилството” која започна во јули 2016. Првата фаза се фокусираше на заштита на децата од сексуално насилство преку интернет. А втората фаза се фокусира на заштитата на децата од семејно и физичко насилство.

Програмата на конференцијата ги вклучи следниве три елементи:

1.    Стратешка визија на системот за заштита на децата од сите форми на насилство и имплементација на Стратегијата за превенција и заштита на децата од насилство 2017-2021

2.    Научни докази и бенефициите од намалувањето на насилството врз децата

3.    Круцијални елементи на квалитетно и ефикасно родителство  и потребата од холистички пристап за ран детски развој.

Конференцијата ја отвори потпретседателот на Владата за политички системи, внатрешна и надворешна политика и министер за правда на Црна гора, г. Зоран Пржин.

На конференцијата учествуваа политичари, професионалци, претставници од меѓународни организации, претставници на граѓански организации, реномирани меѓународни експерти и други.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }