Министерот Бајрами меѓу децата од градинката ,,Младост,, во Тетово
Министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, во рамките на „Детска недела“ денеска ја посети градинката „Младост“ во Тетово. Тој присуствуваше на детските спортски игри на кои зедоа учество дечињата од градинките ,,Младост,, од Тетово и ,,Брешије,, од Дебар....
 |
|
 | Прес конференција |  |
Прес на министерот за труд и социјална политика Бајрами ги повика корисниците на социјална помош да ги обноват документите
Министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами на денешната прес конференција ја информираше јавноста односно корисниците на социјална помош дека најдоцна до 31 октомври треба да ја обноват потребната документација за остварување на ова право. Имено, согласно со Законот за социјална заштита еднаш годишно корисниците на правото на социјална парична помош се должни да ја обноват потребната документација, со цел да се проверат евентуално настанатите промени во материјалната и семејната сосотојба на секое одделно домаќинство, а кои би имале влијание за остварување на правото. Тие треба да се пријават во центрите за социјална работа според местото на живеење и да ја достават потребната документација пропишана во Законот за социјална заштита....
 |
|
 | Празник |  |
Ден на народното востание
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празници на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 11 Октомври 2008 година (сабота), Денот на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита Денот на народното востание на граѓаните на Република Македонија. |
Јом Кипур Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празници на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 9 октомври 2008 година (четврток), првиот ден на Јом Кипур е неработен ден за припадниците на еврејската заедница во Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на припадниците на еврејската заедница во Република Македонија им го честита Јом Кипур. |
 | Акција |  |
Во Тетово
Државниот инспекторат за труд на 7.10.2008 година изврши групни инспекциски надзори во Тетово и околината, во која учествуваа 35 инспектори од Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар и Кичево. Од областа на работните односи учествуваа 21 инспектор, кои извршија 224 инспекциски надзори, при што беа донесени 63 забрани за работа на работодавците за затекнати 113 лица без договори за работа. Исто така беа дадени 75 задолжувања за 219 затекнати лица. Кај 86 работодавци каде што беа затекнати 1569 лица, не беа утврдени недостатоци од областа на работните односи. За сите работодавци каде што се утврдени повреди на Законот за работни односи, ќе бидат поднесени барања за поведување на прекршочна постапка....
 |
|
Државниот инспекторат за труд затекна 1607 непријавени работници
Државниот инспекторат за труд во текот на септември 2008 година изврши вкупно 5379 контроли од областа на работните односи и од областа на безбедноста и здравјето при работа. Државните инспектори од областа на работните односи извршија вкупно 3808 инспекциски надзор од кои 3389 редовни, 292 контролни инспекциски надзори и 127 надзори по писмени барања од странки....
 |
|
Во Куманово
На 8.10.2008 година (среда), во 10.00 часот, во салата на Советот на Општина Куманово, Министерството за труд и социјална политика, Сектор за еднакви можности, организира јавна трибина за Предлог на законот за заштита од дискриминација. Иницијативата за изработка на ваков закон е во согласност со последните препораки на Европската комисија и внесувањето на Европските директиви за антидискриминација во еден општ закон од оваа област....
 |
|
Детска недела
Согласно со Законот за заштита на децата, Владата на Република Македонија со одлука секоја година го утврдува начинот на наплата на износот за "Детска недела". Според Законот, "Детската недела" се одржува секоја година во првата полна недела од месец октомври и трае седум дена. Во време на траењето на манифестациите посветени на децата, се организираат културни, забавни, образовни, спортско-рекреативни активности, активности од областа на екологијата и други активности посветени на децата....
 |
|
И З В Е С Т У В А Њ Е
На 2.10.2008 година (четврток), во 15 часот, министерот за труд и социјална политика, г. Џељаљ Бајрами, ќе го посети Заводот за заштита и рехабилитација Бања Банско. Во работната посета на министерот на овој регион, предвидена е посета на Центарот за социјална работа во Струмица, како и посета на семејства корисници на социјална помош во селата Колешино, Смоларе, Зубово и средба со населението од Општина Ново Село во Домот на културата. ...
 |
|
 | Акција |  |
Државниот испекторат за труд на 27.9.2008 година изврши инспекциски надзори од областа на работните односи, безбедност и здравје при работа во Скопје, Штип и Струмица. Во Скопје, од областа на работните односи во спроведувањето на надзорите учествуваа 16 инспектори од Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга, Охрид, Демир Хисар, Крушево, Македонски Брод и Ресен и при тоа се извршени 185 инспекциски надзори, а затекнати се 1150 работници. Испекторите за работни односи затекнале 74 непријавени работници. Во текот на оваа акција, донесени се 44 решенија за забрана на работа на работодавачот и дадени се 17 задолжувања за 66 затекнати работници....
 |
|
 | Борба против трговија со луѓе |  |
Заклучоци од јавната дебата
Министерството за труд и социјална политика-Канцеларијата на националниот механизам за упатување на жртви на трговија со луѓе на 29 септември одржа јавна дебата на тема: „Борбата против трговијата со луѓе одговорност на македонското општество„. Целта на оваа дебата беше да се проговори за актуелната состојба во Република Македонија, да се отворат повеќе прашања и да се дадат конкретни предлози и препораки за нивно решавање. Министерот за труд и социјална политика г. Џељаљ Бајрами во своето обраќање до присутните говореше за мерките што ги презема Министерството за труд и социјлна политика, како и за резултатите од телефонската анкета за ставот и мислењето на граѓаните за трговијата со луѓе во Република Македонија....
 |
|
 | Македонија |  |
И З В Е С Т У В А Њ Е
На 27.9.2008 година (сабота), министерот за труд и социјална политика, г. Џељаљ Бајрами, ќе ја посета општина Струга, при што ќе оствари работна средба со градоначалникот г. Рамиз Мерко, со кој ќе разговараат за унапредување на соработката во социјалната сфера помеѓу централната и локалната власт....
 |
|
 | Меѓународни активности |  |
Во Берлин
Министерот за труд и социјална политика, г. Џељаљ Бајрами учествува на IV Меѓународен форум за политики наменети за лицата со инвалидност под наслов ,,Да ги срушиме бариерите заедно,, кој се одржува во Берлин, Сојузна Република Германија, од 22 до 25 Септември 2008 година. Учеството на министерот е на покана на Сојузното Министерство за труд и социјална политика на оваа држава....
 |
|
 | Договор |  |
Потпишан Договор за соработка
Денес, 18 септември 2008 година, Министерството за труд и социјална политика и Отворено општество-Иницијатива за ментално здравје, Фондација Институт за отворено општество-Будимпешта, потпишаа Договор за соработка за изработка на Детален план за имплементација на деинституционализацијата на Специјалниот Завод Демир Капија....
 |
|
 | Испекција од областа на социјалната заштита |  |
Социјалната испекција продолжува со интензивни контроли
Секторот за инспекциски надзор во социјалната заштита во периодот април-јуни 2008 година, спроведе редовни инспекциски надзори во 9 центри за социјална работа и тоа во: Кочани, Неготино, Штип, Струмица, Делчево, Ресен, Кичево, Велес и Крушево. Прегледани се вкупно 882 предмети на корисници на права и услуги од социјалната заштита и притоа се констатирани вкупно 389 неправилности и недоследности во примената на законите и подзаконските акти....
 |
|
 | Програма |  |
 | Права од пензиското осигурување |  |
 | Друго |  |
|