Потпишан Договор за соработка од областа на трудот, социјалната сигурност и вработувањето помеѓу Македонија и Турција
 
Денеска, (5.9.2013 година), во Анкара, Република Турција, министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и министерот за труд и социјална сигурност на Република Турција, Фарук Челик потпишаа Договор за соработка од областа на трудот, социјалната сигурност и вработувањето.

“Овој Договор претставува продолжување и натамошно унапредување на соработката помеѓу нашите две пријателски земји во областа на трудот и социјалното осигурување. Имено, Република Македонија и Република Турција веќе 13 години успешно го спроведуваат Договорот за социјално осигурување, со кој државјаните на обете држави ги остваруваат правата од здравственото осигурување и здравствената заштита, пензиското и инвалидското осигурување, каде се вклучени правото на старосна пензија, правото на инвалидска пензија, правото на семејна пензија, потоа остваруваат право на осигурување во случај на несреќа на работа и професионална болест, право на сигурување во случај на невработеност и додатокот за деца”, изјави министерот Спасов по потпишувањето на Договорот.

Говорејќи за Договорот, министерот Спасов истакна дека на овој начин ќе се воспостави соработка во креирањето и имплементирањето на политиките во областа на трудот, вработувањето и социјалната сигурност со што ќе се обезбеди создавање на подобри услови за живот на граѓаните на обете пријателски земји.

“Соработката ќе се одвива преку размена на искуства и знаења за тековните состојби во наведените области, но и за стратешките планови за во иднина, се со цел долгорочно решавање на проблемите и подигнување на квалитетот на животот на граѓаните на Република Турција и Република Македонија”, потенцираше министерот Спасов.

Договорот ги опфаќа и темите: права од работен однос, искоренување на детскиот труд, безбедноста и здравјето при работа на работниците, трудовата инспекција, политиките за вработување и следењето на развојот на пазарот на трудот, професионалната рехабилитација на лица со попреченост и социјалната сигурност.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }