Програма на неработни денови за 2009 година
Согласно Законот за празници на Република Македонија (“Сл.весник на РМ”, број 21/98 и 18/07) во 2009 година неработни денови се:
За сите граѓани на РМ, неработни денови се следните државни празници и празници на Република Македонија:
- 1 Јануари (четврток), Нова Година.
- 7 Јануари (среда), прв ден на Божик.
- 20 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден.
- 1 Мај (петок), Ден на трудот.
- 24 Мај (недела), „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, односно 25 Мај (понеделник) е неработен ден.
- 2 Август (недела), Ден на Републиката, односно 3 Август (понеделник) е неработен ден
- 8 Септември (вторник), Ден на независноста.
- 20 Септември (недела) Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 21 Септември (понеделник) е неработен ден.
- 11 Октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 Октомври (понеделник) е неработен ден.
- 23 Октомври (петок), Ден на Македонската Револуционерна Борба.
- 8 Декември (вторник), “Св. Климент Охридски”.
***Доколку државните празници и празниците на РМ се паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.
За граѓаните од православна вероисповед
- 6 Јануари (вторник), Бадник, ден пред Божик
- 19 Јануари (понеделник), Богојавление (Водици)
- 17 Април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
- 5 Јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден
- 28 Август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
За граѓаните од католичка вероисповед
13 Aприл (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
1 Ноември (недела), Празникот на сите светци
25 Декември (петок), првиот ден на Божик
За граѓаните од муслиманска вероисповед
27 Ноември (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
22 Ноември (недела), Ден на Албанската азбука
За граѓаните припадници на српската заедница во РМ
27 Јануари (вторник), Свети Сава
За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ
8 Април (среда), Меѓународен ден на Ромите
За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
23 Мај (сабота), Национален ден на Власите
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
28 Септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
28 Септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
21 Декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик |