Постапка за остварување на право од социјална заштита се иницира по барање на граѓанин, односно негов законски застапник, старател или по службена должност (по сопствена иницијатива, надлежен орган, или органи и организации, кога тоа е во интерес на граѓанинот или кога постпои интерес на граѓанинот).
По барањето за остварување на право од социјална заштита во прв степен решава центарот надлежен за подрачјето на кое подносителот на бараето има живеалиште. По жалбата против решението на центарот решава министерот. Жалбата не го одложува извршувањето на решението. Против второстепеното решение може да се заведе управен спор пред Врховниот суд на Република Македонија.
Постапки, мерки и услуги од семејно-правната заштита
|