Насловна линкови контакт мапа
English Shqip
Навигација
Насловна
Министер
За министерството
Мисија
Други раководни органи
Сектори
Односи со јавност
Архива
Вести
Документи
Проекти
Медиа Центар
Програма Progress
Декада на Ромите
Меѓународна соработка
Европско партнерство
Соработка со Совет на Европа
Соработка со Меѓународната организација на трудот
Билатерална соработка
Европска Социјална Повелба
Еднакви можности
Родова рамноправност
Заштита и превенција од секаков вид на дискриминација
Директиви
Национален механизам за упатување на жртви на трговија со луѓе
Публикации од областа на еднаквите можности
Пазар на труд
Невработеност
Вработеност
Анкета на работна сила
Социјално партнерство
Плати
Трудова инспекција
Државен испекторат за труд
Акции и активности
Социјална заштита
Услуги и права
Постапка
Институции
Вонинституционална заштита
Социјални реформи
Социјална инспекција
Детска заштита
Права од детска заштита
Детски градинки
Детски одморалишта
Договори за социјално осигурување
Пензиско и инвалидско осигурување
Пензиско и инвалидско осигурување
Пензиски реформи
Боречко-инвалидска заштита
Прописи
Закони
Иницијативи
Правилници
Јавни повици
Вработување во МТСП
Јавни огласи
Спогодби
Контакти

Право на инвалидска пензија   

Право на инвалидска пензија осигуреникот стекнува кога кај него ќе настане:

  • општа неспособност;
  • професионална неспособност, а поради навршување на одредени години живот (50 години жена  и маж) не може да се оспособи за друга работа со полно работно време.

Покрај постоење на инвалидност осигуреникот стекнува право на инвалидска пензија само доколку ги исполнува и условите во поглед на пензискиот стаж, и тоа:

  • ако инвалидноста е причинета со повреда на работа или професионална болест - без оглед на должината на пензискиот стаж;
  • ако инвалидноста е предизвикана со повреда надвор од работа, или со болест осигуреникот  стекнува право на инвалидска пензија под услов пред  настанување на инвалидноста да имал наполнет пензиски стаж кој му покривал  најмалку 1/3 на периодот од наполнети најмалку 20 години живот до денот на настанување  на инвалидноста (работен век) сметајќи го работниот век на полни години.


Под поимот работен век се подразбира бројот на полните календарски години до денот кога осигуреникот навршил 20 години живот  до денот на настанување на инвалидноста.

Работниот век кај осигуреник кој со редовно школување се здобил со виша, односно висока стручна подготовка се смета времето од навршување на 23, односно 26 години живот до денот на настанување на инвалидноста.

На осигуреникот кој по навршување на 20 години живот бил на отслужување на воениот рок, раобтниот век му се намалува за времето колку што траел отслужениот воен рок.

За помладите осигуреници,  кај кои инвалидноста настанала пред навршување на 30 години живот како послседица на повреда надвор од работа или болест, се здобиваат со право на инвалидска пензија ако на денот  на настанување на инвалидноста имал својство на осигуреник и ако:

  • инвалидноста настанала до навршување 20 години живот, ако имал најмалку 6 месеци стаж на осигурување;
  • инвалидноста настанала до навршување 25 години живот, ако имал најмалку 9 месеци стаж на осигурување;
  • инвалидноста настанала до навршување 30 години живот, ако имале најмалку 12 месеци стаж на осигурување.

Поповолни услови за остварување право на инвалидска пензија се предвидени и за осигуреник - воен инвалид од I до VI група, како и друг инвалид кој е изедначен со мирновременски воен инвалид од I до VI група. Доколку, овој осигуреник не може да работи повеќе од половина од полното работно време, се стекнува со право на инвалидска пензија и во случај кога кај него постои намалена работна способност без оглед на фактот дали со или без преквалификација или доквалификација може да се оспособи за друга соодветна работа.

Висината на инвалидската пензија се определува во проценти како и старосната пензија, во зависност од должината на пензискиот стаж.Но, доколку инвалидноста настанала поради повреда на работа или професионална болст инвалидската пензија се определува во висина од 80%, како за полн износ на старосна пензија.

Право на семејна пензија

Членовите на семејството стекнуваат право на семејна пензија по исполнување на општите и посебни услови.

Општи услови за стекнување право на семејна пензија:

  • ако осигуреникот од кого се изведува правото на семејна пензија  до денот на смртта наполнил најмалку 5 години стаж на осигурување или најмалку 10 години пензиски стаж, или
  • ако осигуреникот ги исполнува условите за стекнување право на старосна или инвалидска пензија,  или бил корисник на старосна или инвалидска пензија.
  • Ако смртта на осигуреникот настанала како последица од повреда на работа или од професионална болест, членовите на семејството стекнуваат право на семејна пензија, без оглед на должината на пензискиот стаж на осигурениикот.

Членови на семејството кои имаат право на семејна пензија

  1. брачен другар
  2. децата (родени во брак и надвор од брак, посвоени ,посиноци кои ги издржувал починатиот осигуреник или корисник на пензија,внучињата и други деца без родители кои ги издржувал осигуреникот
  3. родители (татко, мајка. очувот и маќеата) и посвоителот кои ги издржувал осигуреникот.

Семејна пензија може да оствари и брачен другар од разведен брак, ако судска одлука му е утврдено правото на издржување.

Посебни услови за остварување право на семејна пензија:


Вдовица стекнува право на семејна пензија во случај на смрт на брачниот другар ако:

  • до смртта на брачниот другар да наполнила 45 години живот, или
  • до смртта на брачниот другар да била неспособна за работа или таква неспособност да настанала во рок од 1 година од денот на смртта на брачниот другар, или
  • по смртта на брачниот другар  да останале едно или повеќе деца кои имаат право  на семејна пензија по тој брачен другар, а вдовицата ги врши родителските должности спрема тие деца.
  • до смртта на брачниот другар имала наполнети 40 години,кога ке  наполни 45 години живот, трајно го задржува правото на семејна пензија.

Вдовицата која во текот на користењето на правото по основ на вршење на  родителска должност стане неспособна или наполни 45 години живот трајно го задржува правото на пензија.

Вдовицата која го загубила правото на семејна пензиај по основ на вршење на родителцка должност по наполнети 40 години живот,стекнува право на семејна пензија кога ке наполни 45 години живот. 

Покрај овие услови право на семејна пензија стекнува и вдовица:

  • кога детето на осигуреникот, односно корисникот на пензија е родено по смртта на осигуреникот, односно на корисникот на пензија;
  • кај која постоела бременост на денот на смртта на осигуреникот, односно на корисникот на пензија и во овој  случај семејната пензија до раѓањето на детето се определува за еден член на семејството;
  • ако е детето мртво родено или ако умре пред навршување на 45 дена живот, на вдовицата и припаѓа семејна пензија за истекот на 45 дена по породувањето.


Вдовец остварува право на семејна на пензија под следните услови:

  • до смртта на брачната другарка да наполнил 55 години живот;
  • до смртта на брачната другарка да бил неспособен за работа или таквата неспособност да настанала во рок од 1 година до денот на смртта на брачнта  другарка;
  • по смртта на брачната другарка останало  едно или повеќе деца кои имаат право на семејна пензија по таа брачна другарка, а вдовецот да ги врши родителските должности спрема тие деца.
  • до смртта на брачната другарка имал наполнети 50 години,кога ке наполни 55 години живот или ако тие години станал неспособен за работа.

Вдовецот кој во текот на користењето на правото по основа на родителска должност стане неспособен за работа, или наполни 55 години живот трајно го задржува праовото на смејна пензија.

Вдовецот кој го загубил правото на семејна пензија по основ на вршење на родителска дејност, по наполнети 50 години живот, стекнува право на семејнан пензија кога ќе наполни 55 години живот.


Дете стекнува право на семејна пензија:

  • до наполнети 15 години живот, а ако е на школување до на полнети 26 години живот или
  • ако пред смртта на осигуреникот, односно корисникот на пензија кој го издржувал било неспособно за работа или таквата несопсобност настанала во рок од 1 година од денот на смртта на осигуреникот, односно корисникот на пензија.

Ако школувањето на детето е прекинато поради болест, правото на семејна пензија може да се стекне, односно му припаѓа и за време на боледувањето до наполнети 26 години живот,  како и над тие години, но најмногу за толку време колку што е изгубено од редовното школување поради болест.

На детето кое го прекинало школувањето заради отслужување на воениот рок, семејната пензија му се исплатува и за тоа време.

Ако во текот на користењето на правото на семејна пензија детето стане неспособно за работа, трајно го задржува правото на семејна пензија.

Детето - инвалид има право на семејна пензија по престанок на работниот однос.

Како неспособност за работа, врз основа на која се остварува правото на семејна пензија кај децата се смета несособност за самостоен живот и работа.

Како дете на школување се смета ученикот  во основно училиште, училиште за средно образование, студент на високообразовна организација или на постдипломски студии, додека имаат статус на ученици, односно студенти на соодветни образовни институции до навршување на 26 години живот.

Покрај  наведените категории осигуреници, право на семејна пензија се стекнува и родителот кога осигуреникот, односно корисникот на пензија го издржувал до својата смрт се стекнува со право на семејна пензија ако:

  • до смртта на осигуреникот, односно на корисникот на пензијата наполнил 45 (мајка), односно 55 години живот (татко),  и
  • е помлад од 45 години, односно 55 години и ако до смртта на осигуреникот, односно корисникот на пензија бил неспособен за работа.

 Право на старосна пензија

Старосна пензија стекнува осигуреник кој навршил 64 години живот (маж) и 62 години живот (жена) и најмалку 15 години пензиски стаж.

До 1 септември 2007 година, осигурениците може да остварат старосна пензија доколку на 01.09.2000 година, имале навршено 28 години пензиски стаж (жена), односно 33 години пензиски стаж (маж), кога ќе навршат 35, односно 40 години пензиски стаж, без оглед на возраста.


 


 


 

 



 
Copyright(c) 2008 Министерство за труд и социјална политика