Дејност на детските одморалишта
Дејноста одмор и рекреација се обезбедува и остварува во детско одморалиште.
Со договор се уредуваат правата и обврските на детското одморалиште и корисниците на услугите на одмор и рекреација. Одмор и рекреација може да се организира и за деца со пречки во развојот. Одмор и рекреација за деца со пречки во развојот се организира според посебни програми.
Родителите имаат право за своите деца да изберат програми за одмор и рекреација во детските одморалишта, додека детското одморалиште е должно на родителите да им ги претстави програмите кои ги изведува, нивните цели, содржини и методи на работа.
Програми во одмаралиштата
Одмор и рекреација во јавно детско одморалиште се остварува според планови и програми за остварување на дејноста. Јавно детско одморалиште организира и спроведува програми за:
- зимување - програмата за зимување е наменета за деца од училишна возраст за време на зимскиот распуст, а во останатиот период од зимата детското одморалиште може да работи како установа, односно одморалиште од отворен тип.
- летување - програмата за летување е наменета за деца од предучилишна возраст и за деца од училишна возраст за време на летниот распуст.
- настава во природа - Програмата за настава во природа е наменета за деца од училишна возраст и се остварува во согласност со наставните планови на основните училишта.
- други програми - (екскурзии, кампување, излети, походи, семинари, мини-скијачка школа, рекреативно-еколошка школа, исхрана на децата.
Другите програми се остваруваат во зависност од потребите на корисниците и слободните термини во детското одморалиште.
Работа во детско одморалиште
Работата во детското одморалиште се организира во групи, во зависност од возраста на децата и тоа: 1) до 7 години живот............................ од 6 - 8 деца 2) над 7 до 10 години живот................. од 10 - 15 деца 3) над 10 до 13 години живот............... од 15 - 18 деца 4) над 13 до 15 години живот............... од 18 - 20 деца 5) над 15 до 18 години живот............... од 20 - 25 деца.
Одмаралишта
Во Македонија постојат следниве Јавни установи за деца-детски одмаралишта:
- Јавна установа за деца - детско одморалиште Младост -Скопје
- Јавна установа за деца - детско одморалиште Бунец Гостивар
- Јавна установа за деца - детско одморалиште Пелистер- Битола
- Јавна установа за деца - детско одморалиште Малешево- Берово
- Јавна установа за деца - детско одморалиште Мајски Цвет Струга.
|
реден број |
општина |
детско одмаралиште |
директор/ координатор |
телефон |
|
1 |
Скопје |
Детско одморалиште Младост |
Златко Јанакиевски |
02/ 30660672, 3066 494, 3066 543 |
|
2 |
Гостивар |
Детско одморалиште Бунец |
Небојша Марковски |
042/ 217 361, 042/ 489 005, 042/ 489 192 |
|
3 |
Битола |
Детско одморалиште Пелистер |
Љупчо Спиркоски |
047/ 223 998, 047/ 222 043 , 047/ 222 080 |
|
4 |
Берово |
Детско одморалиште Малешево |
Венко Багашовски |
033/ 470 605, 033 471 212 |
|
5 |
Струга |
Детско одморалиште Мајски Цвет |
Јован Паскоски |
046/ 786 946, 046/ 786 947 | За сезонските одмаралишта Пониква-Кочани, Пљачковица-Радовиш, Пљачкови~ки одреди-Штип, сезонско одмаралиште-Свети Николе, Голак-Делчево, Михајлово-Кавадарци и Асамати-Ресен распишан е тендер за продажба. |