Студиска посета на социјалните партнери од Република Македонија во Република Хрватска
Со поддршка на проектот на USAID за деловно опкружување од 24 до 27 септември 2007 година во студиска посета на Република Хрватска престојуваше делегација на социјалните партнери од Република Македонија.
Свое учество во студиската посета, покрај претставниците на Министерството за труд и социјална политика зедоа и претставниците на Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати, Организацијата на работодавачи на Македонија, Конфедерацијата на работодавачи на Македонија и Заедницата на единиците на локалната самоуправа. Целта на посетата беше да се запознаат социјалните партнери со функционирањето на социјалниот дијалог на национално, локално ниво и ниво на претпријатие во Р. Хрватска....
 |
|