Известување за пополнување на работни места во Управата за водење на матични книги
Министерството за правда, односно Управата за водење на матични книги на 8.7.2009 година, објави интерен оглас за пополнување на слободни работни места во Управата.
Заинтересираните вработени на Министерството за труд и социјална политика, само со статус на државен службеник, кои сакаат да се вработат во Управата за водење на матичните книги со Спогодбено превземање, на работните места објавени од Управата, може да ги достават своите биографии и писмена согласност од државниот секретар и министерот за хоризонтална мобилност во друг орган со трансфер на буџетски средства за бруто плата на државниот службеник на буџетската сметка на институцијата каде ќе биде вработен заинтересираниот државен службеник.
За сите дополнителни информации, заинтересираните државни службеници, може да се обратат во Управата за водење на матичните книги, просторно сместени во Министерството за правда на ул. Никола Вапцаров бр.7, влез 1 или на следните телефони: 02 3240061, факс 02 3240044 и e-mail: uvmk@mjustice.go.mk. лице за контакт: Јасна Пецевска-советник за постапување во управни работи од областа на матичното работење.
Во продолжение, Ви го прикажуваме образецот за согласност за трансфер на финансиски средства. |